Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Повторно е одложена примената на новите европски правила за патување, познати се причините

by Уредник
21.02.2025
in Uncategorized

Европската Унија на неодредено ја одложи примената на новите системи за за влез/излез (ЕЕС) и на европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS).

Со новите правила се опфатени државјаните на 50 земји, меѓу кои се и БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, кои не треба да имаат виза за влез во земјите на Шенген.

Како причина за новото одложување на системот за влез/излез (ЕЕС) , портпаролот на европската комисија наведе дека „имплементацијата на таков голем ИТ систем е сложена операција и одложувањата не можат целосно да се исклучат“.

-На состанокот на Советот за внатрешни работи во октомври минатата година, Комисијата го информираше Советот дека сè уште не ги добила сите неопходни декларации за подготвеност од земјите-членки. „Затоа Комисијата во декември 2024 година предложи постепено стапување во сила на ЕЕС -изјави тој за српски B92.net.

По усвојувањето и стапувањето во сила на овој предлог, и откако ќе бидат примени сите декларации за подготвеност од земјите-членки, Комисијата ќе одлучи за датумот за постепено започнување на ЕЕС.

– ЕЕС ќе мора да работи со полн капацитет не подоцна од шест месеци по постепеното лансирање – додадоа од Комисијата..

Во однос на воведувањето на европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) од комисијата објаснуваат дека тоа ќе биде координирано со постепеното воведување на системот за влез/излез (ЕЕС).

„Ревидираниот план за ETIAS ќе биде дискутиран и договорен меѓу Комисијата, земјите-членки и EU-LISA, во согласност со очекуваниот датум на стапување во сила на EES. Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) се очекува да стане оперативен шест месеци по системот за влез/излез (EES)“, соопшти Европската комисија.

Next Post
Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Во Кривичен продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Скопјанец им извадил нож на полицајци во Клиничкиот центар

Скопјанец им извадил нож на полицајци во Клиничкиот центар

Препорачани Вести

Француските елитни сили изведоа спектакуларна акција против рускиот танкер „Гринч“ во Средоземјето

Француските елитни сили изведоа спектакуларна акција против рускиот танкер „Гринч“ во Средоземјето

6 days ago
Италија прва во ЕУ со национален закон за вештачка интелигенција

Италија прва во ЕУ со национален закон за вештачка интелигенција

4 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.