Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за недела – 23 февруари

Овен

Не дозволувајте незавршените деловни обврски да ви го одвлечат вниманието од плановите кои ги имате со семејството.

Ако сте во брак, комуникацијата со партнерот денес ќе ви оди тешко.

Некои Овни ќе „откријат“ ново место за пиење кафе кое веднаш ќе им го препорачаат и на пријателите.

Бик

Денес во фокусот ќе ви биде љубовниот живот и односот со партнерот.

Некои Бикови ќе решат да одложат планирано патување или некој поголем трошок поради недостиг на пари.

Што и да правите во текот на денот, најдете малку време само за вас и своите потреби.

Близнаци

Не дозволувајте да „летнете во облаци“ поради комплиментите од некој што не сте го виделе одамна.

Ако сте сингл, една порака може да ви ја заскокотка фантазијата.

Работите што ве кочеа на финансиски план ќе исчезнат, а вие ќе почувствувате олеснување.

Рак

Во текот на целиот ден ќе бидете добро расположени и подготвени за секаква авантура.

Ако сте во врска, не му замерувајте на партнерот за неговото доцнење – сигурно постои добра причина за тоа.

Не ја прифаќајте понудата за соработка за која сметате дека е ризична.

Лав

Вашиот надмен став денес може да ви донесе проблеми во комуникацијата со некој од семејството.

Ако сте сингл, немате потреба за разочарување, работите ќе тргнат на подобро наскоро.

Лавовите кои сакаат екстремни спортови можат да пробаат нешто ново.

Девица

Денес ве очекува успех на сите полиња – едноставно, ова е ваш ден.

Некој познаник ќе ви каже дека ве гледа со симпатии, без оглед дали сте сингл или во врска.

Ако некој ви довери тајна, запомнете дека не смеете да ја споделите со никого.

Вага

Се обидувате да разберете која е причината за однесувањето на некој од семејството, но тој/таа како да не сака да разговара за тоа.

Ако сте во врска, купете му нешто ситно на партнерот, без причина, и изненадете го.

Ако немате доволно пари, уште денес почнете да ги трошите рационално.

Скорпија

Вашата деловна амбиција е голема, па денот ќе го искористите да се подготвите за некој важен состанок што ве очекува следната недела.

Ако сте сингл, немате желба да се впуштите во нова површна врска.

Имате дилема дали поставувате правилен однос со некој помал член од семејството.

Стрелец

Потребни ви се мир и тишина за да можете да се фокусирате на работите што ви се битни.

Сакате да му покажете на партнерот колку многу ви значи, па ќе побарате нечија помош за да му подготвите изненадување.

Некој близок ќе ви понуди да отпатувате некаде наскоро.

Јарец

Однесувањето на некој од семејството ве нервира и ви пречи, но вие и понатаму молчите.

Ако сте во врска, уживате во хармонијата со партнерот.

Најдете време и за да прочитате неколку страници книга или да изгледате филм/серија.

Водолија

Атмосферата во домот не е најсјајна, но вие ќе се потрудите да не ја влошувате со своите коментари.

Некој близок може да ве покани на пијалак и да ви открие дека има романтични чувства кон вас.

Ќе си вратите некое старо хоби или ќе се вратите на некоја дамнешна навика и тоа ќе ве направи среќен/а.

Риби

Денот е совршен за дружење со саканите луѓе, заеднички ручек, излегување во природа…

Ако сте сингл, не ви недостигаат додворувачи, но никој не е по ваш мерак.

Во моментов ви оди добро на финансиски план, па искористете го поволниот период за да заработите повеќе пари.

Advertisement

Магазин

Медот може да биде подеднакво ефикасен како лековите за кашлица

Германската организација за заштита на потрошувачите „Стифтунг Варентест“ предупредува дека многу од лековите за кашлица немаат доволно докажана ефикасност. Анализата покажува дека препаратите што ја разредуваат слузта или го смируваат сувиот кашаљ, ниту природните, ниту синтетичките, не го поминале тестирањето за значајно дејство.

Во извештајот се посочува дека купувачите можат да заштедат пари, бидејќи ефикасноста на овие лекови не е научно потврдена, а дел од активните состојки, како декстрометорфан, носат ризик од зависност или халуцинации. Лековите за искашлување покажале умерен ефект и се оценети како „прикладни, но со претпазливост“.

Стручњаците додаваат дека веднаш не е неопходно да се посегнува по аптекарски препарати – чист мед или мед во топол чај може да го смири надразнувањето на грлото и да помогне против кашлицата. Иако научните резултати не се конечни, ефектот на медот е споредлив со оној на испитаните лекови, чие дејство е ограничено.

Continue Reading

Магазин

Кои седишта треба да ги избегнувате во Авион

Патувањето со авион може сериозно да влијае на здравјето на вашата кожа. Со ниска влажност, сув воздух и климатизација, кожата брзо се дехидрира, а некои седишта се полоши од други.

Поранешната стјуардеса и експерт за убавина Даниел Луиз објаснува дека влажноста во кабината може да падне под 20 проценти, што е посуво од Сахара. Во комбинација со рециклиран воздух, УВ зрачење на голема надморска височина и ограничено движење, некои седишта ја сушат кожата побрзо.

Најлоши за кожа се седиштата до прозорецот, каде што патниците се повеќе изложени на УВ зраци и протокот на воздух е послаб. Најдобри се седиштата до ходник во централниот дел на кабината, каде што протокот на воздух е порамномерен, а промените во влажност се помалку изразени.

Особено дехидрирачки се првите и последните пет реда од авионот, каде што температурата и протокот на воздух се најнестабилни. Патниците во централните редови (B, C, D, E во поголемите авиони) пријавиле помалку затегнатост и иритација по слетувањето.

Луиз додава дека седиштата до прозорецот добиваат најмногу УВ зрачење дури и при облачно време, а предниот и задниот дел од авионот бележат значителни падови на влажноста. Особено внимателни треба да бидат патниците кои користат ретинол или киселини, бидејќи нивната кожа побрзо губи влага.

Continue Reading

Магазин

Хороскопски комбинации полни со страст и хаос: привлечност што чини нерви

Интензивни, кармички и често исцрпувачки – некои хороскопски парови се привлекуваат со невидлива сила, но врските што ги создаваат се вистински тест за трпение. Иако меѓу нив постои моќна хемија, разликите во карактерите предизвикуваат постојани судири, драматични моменти и значајни животни лекции.

Овен и Вага

Огнениот Овен и воздушната Вага се спротивности што веднаш „се палат“ една на друга. Овенот ја обожува смиреноста и шармот на Вагата, а Вагата се восхитува на храброста и силната енергија на Овенот. Но токму спротивностите што ги приближуваат, подоцна ги разделуваат. Импулсивниот Овен и дипломатијата на Вагата ретко ја наоѓаат златната средина. За Вагата, Овенот е премногу директен и агресивен, додека Овенот ја доживува Вагата како премногу пасивна и неодлучна.

Бик и Шкорпија

Ова е една од најмоќните, но и најбурните комбинации во Зодијакот. Меѓу Бикот и Шкорпијата постои интензивна, речиси судбинска привлечност. И двата знаци се лојални и длабоко емоционални, што создава силна врска. Но нивната тврдоглавост и посесивност често се судираат. Бикот бара стабилност и рутина, додека Шкорпијата копнее по длабоки промени и интензивни емоционални процеси. Резултатот? Борби за моќ и љубомора кои можат да станат неподносливи.

Близнаци и Стрелец

Воздухот и огнот тука создаваат искра на авантура. Близнаците и Стрелецот се идеален пар за смеа, патувања и нови искуства. Но двајцата имаат заедничко нешто што ги саботира – страв од обврзување. Кога врската добива сериозна димензија, и едните и другите често се повлекуваат. Склоноста на Близнаците кон површност го нервира Стрелецот, кој бара искрена длабочина, иако и самиот се плаши да биде целосно врзан.

Лав и Водолија

Овој пар е магнет за внимание. Лавот ја обожува уникатноста и интелектот на Водолијата, додека Водолијата е привлечена од топлината и харизмата на Лавот. Но судирите се јавуваат кога ќе дојде до разлика во приоритетите. Лавот сака признание, љубов и внимание, а Водолијата живее за идеи, пријателства и пошироки цели. Лавот може да се почувствува занемарен, а Водолијата притисната од силните емоции и потребата за блискост.

Рак и Јарец

Нивната врска е судир меѓу емоција и прагматичност. Ракот нуди грижа, топлина и дом, додека Јарецот обезбедува стабилност и структура. Иако делуваат компатибилно, проблемот лежи во различните приоритети. Ракот копнее по блискост и време поминато дома, а Јарецот најчесто е фокусиран на работа и цели. Таа разлика создава фрустрации – Ракот се чувствува запоставено, додека Јарецот се чувствува оптоварено од емоционалните барања.

И покрај конфликти и турбуленции, овие врски носат важни лекции за зрелост, емпатија и личен раст. Тие се доказ дека најголемата привлечност понекогаш е придружена со најголемите предизвици – и дека балансот е клучот за опстанок.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг