Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Добиле половина милион евра на грепки, а сега не можат да си ја подигнат наградата

by Уредник
22.02.2025
in Uncategorized
Добиле половина милион евра на грепки, а сега не можат да си ја подигнат наградата

Џекпотот од 500.000 евра во Тулуза се уште не е превземен бидејќи оние кои ја купиле грепката, го сториле тоа со кредитна картичка која била украдена.

Двајца бездомници кои ја купиле победничката грепка со украдена картичка добиле понуда која потенцијално би можела да им го промени животот – дел од џекпотот доколку го донесат добитничкиот тикет.

Целата ситуација ги остави правниците збунети околу тоа кој има право на добивката: личноста која ја купила грепката или личноста која ја платила? И дали лотаријата воопшто ќе ги исплати парите?

Весникот Паризиен ја опиша целата приказна како нешто што заслужува филм. Двајца бездомници обиле автомобил паркиран во центарот на Тулуза на 3. февруари и украле ранец во кој се наоѓа кредитна картичка и лични документи на човек, кој весникот го именуваше како Жан-Давид.

Жртвата (42) пријавила кражба во полиција и ја контактирала банката да ја блокира картичката. На прашањето дали картичката била користена, го известиле дека тој ден во три часот попладне крадците ја искористиле картичката во една продваница да купат работи во вредност од 52.50 евра.

Загрижен да ги пронајде документите, Жан-Давид отишол во продавницата следното утро да ја објасни ситуацијата и да ги праша дали имаат безбедносни камери.

“Се надевав дека ќе ги најдам барем документите, но продавачот не можеше да ми помогне. Ми кажа дека имало двајца бездомници помеѓу 30 и 40 години кои купиле цигари и грепка. Му делувале сомнително бидејќи пред тоа се обиделе да платат со друга картичка, на која не го знаеле пинот”, изјавил тој за полицијата.

Откако ја изгребале грепката, откриле дека освоиле џекпот од 500.000 евра, па се вратиле во продавницата да ја добијат својата награда. Од продавницата ги известиле дека треба да ја контактираат компанијата која ја води француската национална лотарија.

“Сопругата на сопственикот на продавницата изјавила дека се сомнева дека ќе ги најдат, бидејќи таа ја проверила грепката и навистина освоиле 500.000 евра. Изјавила дека биле толку среќни, што си ги заборавиле петте кутии цигари кои претходно ги купиле”, раскажа Жан Давид.

Од тој момент, ситуацијата се наоѓа во некој вид на правен вакум. Крадците не се обиделе да ја превземат наградата, а полицијата во Тулуза го замрзна победничкиот тикет додека не се заврши истрагата.

Жан-Давид сега ги повика крадците да го контактираат неговиот адвокат.

“Зошто да не се договориме пријателски? Зошто да не ги поделиме парите?”, праша Жан-Давид.

Next Post
Мајкрософт претстави иновациски квантен чип: нова ера за квантните компјутери

Мајкрософт претстави иновациски квантен чип: нова ера за квантните компјутери

Претставен најтенкиот телефон на преклоп во светот (ФОТО/ВИДЕО)

Претставен најтенкиот телефон на преклоп во светот (ФОТО/ВИДЕО)

Препорачани Вести

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево поради „несовесно работење во службата“

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Кичево поради „несовесно работење во службата“

2 months ago

Украина и нанесе голема штета на руската армија

2 months ago

Популарни Вести

  • Филмски грабеж: Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп се закани со царини за европските земји поради Гренланд: „САД единствени можат да ја гарантираат безбедноста“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.