Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски од Вашингтон: Mакедонската заедница во САД го поддржа претседателот Трамп за изборите

by Уредник
22.02.2025
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски вчера се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика со историските и културните знаменитости на Македонија, информираат од Владата.

-Македонците се многу традиционални, ги сакаат своите семејства, можеби сме малку, но македонската заедница во САД е многу важен дел од американското општество. Знам дека го поддржа претседателот Трамп за време на изборите, тие се конзервативци и знам дека ќе продолжат да го поддржуваат претседателот Трамп. И тоа што би го додал, а е важно, е дека и ние бевме избрани како нова власт со огромно мнозинство пред осум месеци, рекол премиерот Христијан Мицкоски објаснувајќи го македонското општество како мултиетничко со две третини Македонци, а една третина се Албанци, Власи, Срби, Турци, и други.

Ние, додал тој, имаме голема дијаспора низ светот, речиси еднаква по бројност колку што живеат во татковината.

Опишувајќи ја Македонија како срцето на Балканот и југоисточна порта на Европа, Мицкоски нагласил дека како таква пред извесен период била актуелна на патот на мигрантите кон Европа.

-Ние бевме на „фронтот“ и се боревме против илегалната миграција, штитејќи ја Европа од илегалните мигранти, рекол Мицкоски и посочил дека токму тоа денес е главниот фокус и на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот Мицкоски се осврнал и на стратешкото партнерство на САД и Македонија, откако било истакнато дека нашата земја е една од земјите со најголем придонес во НАТО по глава на жител.

-Одвојуваме над 2 проценти, посветени сме и ги поддржуваме политиките на претседателот Трамп и сметаме дека 2 проценти треба да биде ниската граница, а не високата, посочил македонскиот премиер Мицкоски на собирот на американските конзервативци во Вашингтон.

Публиката со аплауз ја наградила забелешката на водителката на интервјуто кога забележала дека токму премиерот Мицкоски бил единствениот на Минхенската мировна конференција што аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Венс.

-За мене тоа беше историски настан и според моето скромно мислење, може некои европски политичари ќе ми се налутат, тој негов говор беше многу инспиративен. После говорот дел од публиката го критикуваа сметајќи дека тоа на некој начин е мешање во внатрешните работи на суверени држави, истакнал Мицкоски.

Македонскиот премиер потенцирал дека од самиот почеток на нашата самостојност од поранешната југословенска федерација ние имаме две стратешки цели.

-Прво да станеме полноправна членка на НАТО и втората е да станеме полноправен член на Европската Унија. Ние станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме знамето, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав, го сменивме нашето име, затоа што некој од нашите соседи станал член на НАТО пред нас и го злоупотреби ветото за да ги исполни билатералните барања. Ако ова не е мешање во внатрешните работи тогаш што е?“, запрашал Мицкоски, потенцирајќи дека двојните стандарди продолжуваат и денес.

Ние, рекол тој, не сме во можност да станеме членки на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав.

-Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Зарем тоа е фер? Ако некој го критикува говорот, кое според моето скромно мислење беше многу инспиративен, треба да си го впери прстот во себе и да види што тој прави. Европските вредности не се билатеризација на процесот на пристапување кон Унијата, заклучил премиерот Христијан Мицкоски на интервјуто за време на најголемиот годишен собир на американските конзервативци во Вашингтон.

Next Post
pari

Растот на платите и пензиите – мотор на инфлацијата во Македонија?

Неделен извештај за тргувањето на Македонската берза – 17.02.2025 – 21.02.2025

Препорачани Вести

Вонредни инспекциски надзори врз загадувачите на воздух во Скопје, по барање на ОЈО

11 months ago

Македонци меѓу уапсените во голема акција за дрога во Србија – запленети над 2,4 тони

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.