Connect with us

Технологија

Претставен најтенкиот телефон на преклоп во светот (ФОТО/ВИДЕО)

Published

on

Кинеската компанија “Oppo” го претстави моделот “Find N5”, кој ја презеде титулата за најтенок телефон на преклопување во светот.

Досега оваа титула ја држеше „Honor Magic V3“, но „Oppo Find N5“, со дебелина од само 8,93 mm кога е затворен, го презеде водството.

На задната страна се наоѓа систем за камера со троен прстен, од кои главната е 50MP со OIS, додека телефонот има и 50MP телефото перископски објектив со 3x оптички зум.

Системот на камерата го комплетира ултра широк, кој има резолуција од 8 MP.

Во срцето на „Oppo Find N5“ е чипсетот Snapdragon 8 Elite, а капацитетот на батеријата е 5.600 mAh. Отпорен е на вода, но не е отпорен на прашина, а неговата вкупна тежина е 229 грама.

Цената за овој телефон е 2.500 сингапурски долари, што би било околу 1.800 евра.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што се работи:

Технологија

Ова е новиот тренд помеѓу мажите, забележан и во Македонија: Жените згрозени, зарем до ова се стаса?

Published

on

Се повеќе мажи се насочуваат кон вештачката интелигенција во потрага по емотивни и интимни врски.

Вештачките интелигенции не само што нудат друштво, туку некои веруваат дека можат целосно да ги заменат човечките односи. Многу мажи признаваат дека им станува сè потешко да ја најдат “вистинската”, па не е чудо што некои се вртат кон решенија засновани на ВИ.

Наместо вештачката интелигенција да им помага само во освојувањето на партнерки, сега девојките генерирани од вештачка интелигенција сами стануваат алтернатива.

Футурологот др. Ијан Пирсон предвидува дека до 2050 година сексот со роботи ќе биде популарен од сексот со луѓето, но истражувањата покажуваат дека тоа може да се случи многу порано.

Платформата EVA AI спроведе истражување на 2.000 мажи, а резултатите се изненадувачки:

8 од 10 веруваат дека девојките генерирани со вештачка интелигенција можат целосно да ја заменат вистинската комуникација

81% би размислиле за брак со партнерка генерирана од вештачка интелигенција – ако тоа е легално

83% веруваат дека би можеле да развијат подлабока емотивна врска со девојка која е генерирана со помош на вештачка интелигенција

78% би “излегувале” со верзија на својата поранешна партнерка генерирана на вештачка интелигенција, додека 80% би комуницирале со копија на починатата сакана личност

ВИ-Партнерите нудат нешто што многу луѓе го бараат – безбедност и разбирање без осуда. Експертите велат дека разговорот со вештачка интелигенција им овозможува на луѓето да бидат целосно искрени, без страв од одбивање или критика.

Интересно е и што 3 од 4 мажи сакаат верзија на себе како виртуелен пријател, а истиот број испитаници би создаделе “подобрена” ВИ верзија на својата моментална партнерка.

На ТикТок, овој тренд предизвикува поделени мислења. Претприемачот Кајл Балмер тврди дека сè повеќе луѓе наоѓаат среќа во ВИ врските, додека други сметаат дека ова е загрижувачко општествено прашање.

Еден маж напишал: “Девојката генерирана со помош на вештачка интелигенција никогаш нема да ме изневери, да ме мрази или да ме искористи за пари.” Друга корисничка вели: “Имам ви-момче, но никогаш не би го избрала наместо вистински партнер.”

Сепак, некои предупредуваат дека луѓето може да зажалат ако целосно ги заменат вистинските односи со дигитални врски.

Како што се шири трендот на ви-врски, прашањето останува – дали луѓето се подготвени целосно да ја заменат вистинската интимност со технологија? Или ова е само уште еден краткотраен тренд?

Во Македонија пак, на социјалните мрежи беше забележана и првата ВИ девојка, која има официјален профил. Оваа девојка, која е претставена како модел и инфлуенсер, не е вистинска и е генерирана со помош на вештачка интелигенција.

Continue Reading

Технологија

Нокиа ја доби битката против Амазон: Гигантот од Финска продолжува да победува

Published

on

Nokia продолжува да победува во судски постапки и тужби кои ги поднела против бројни компании.

Amazon се согласи да ги лиценцира технологиите на Nokia за своите сервиси и уреди за стриминг на видеа.

На овој начин се реши и заврши судската парница која во 2023 година ја покрена поранешниот технолошки гигант од Финска.

Ова не е изненадување, бидејќи низ сличен процес (на овој или оној начин) поминаа и други компании, меѓу кои Apple, Oppo, Reddit, HTC и други.

Nokia е еден од лидерите во светот на мултимедиските технологии, вклучувајќи компресија на видео, испорака и препорака на содржина, како и аспекти во сегментот на хардвер.

Во текот на последните 25 години, Nokia создала речиси 5.000 изуми кои ги поддржуваат мултимедиските производи и услуги, додека истовремено продолжува да игра водечка улога во стандардизацијата и истражувањето на полето на мултимедија.

Continue Reading

Технологија

Експерименталниот AI модел на Google, Gemini 2.5 Pro достапен бесплатно за корисниците

Published

on

Корисниците на AI моделот Gemini, кои не ја плаќаат услугата, отсега можат бесплатно да ја користат експерименталната верзија на Gemini 2.5 Pro.

Google соопшти дека Gemini 2.5 Pro стана бесплатен за сите корисници, иако доаѓа со построги ограничувања за оние што не се претплатници. Google го претстави Gemini 2.5 Pro минатата недела и го нарече „најинтелигентниот AI модел досега“, а прво го добија корисниците на Gemini Advanced. Сепак, сега е достапен во Google AI Studio и во апликацијата Gemini.

Иако корисниците можат бесплатно да го испробаат експерименталниот модел, од Google додаваат дека „корисниците на Gemini Advanced имаат проширен пристап и значително поголем контекстуален прозорец“. Експерименталниот Gemini 2.5 Pro е првиот од моделите Gemini 2.5 на Google што „размислуваат“. Во блогот, компанијата објасни дека тоа се однесува на способноста за анализирање информации, извлекување логички заклучоци, вклучување контекст и препознавање и интерпретација на суптилни разлики во значењето на зборови, фрази или реченици, како и донесување информирани одлуки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк