Connect with us

Спорт

Стартува прволигашкото коло, натпревари за дел од македонските репрезентативци

Published

on

Денеска со натпреварот меѓу Јехона и Аеродром ќе стартува 15. коло во прволигашката конкуренција.

Низ Европа ќе се игра во Унгарија, Германија, Португалија, Швајцарија, Словенија, Шпанија…

Свои настапи ќе имаат дел од македонските интернационалци – Филип Талески со Бенфика, Мартин Томовски со бундеслигашот Потсдам и Мартин Поповски со Цирих.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ЕГЕР – ПЛЕР (УНГАРИЈА)
18:00 БАЈА МАРЕ – БК (ЕВРОПСКИ КУП)
18:20 БРЕГЕНЦ – КРЕМС (АВСТРИЈА)
19:00 ПОТСДАМ – ЛЕМГО (БУНДЕС)
19:00 ГОРЕЊЕ – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)
19:30 ДРАМЕН – ОЛИМПИЈАКОС (ЕВРОПСКИ КУП)
19:30 ЛУЦЕРН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)
20:00 АЈЗЕНАХ – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
20:00 КОЛДИНГ – СИЛКЕБОРГ (ДАНСКА)
20:30 УЕСКА – БИДАСОА (АСОБАЛ)
20:30 АЕРОДРОМ – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
21:00 БЕНФИКА – БЕЛЕНСЕС (ПОРТУГАЛИЈА)

Спорт

Чурлинов постигна гол против Бетис во Конференциската лига (ВИДЕО)

Published

on

Во реванш натпреварот од четвртфиналето во Конференциската лига фудбалерите на Јагелонија и Бетис ремизираа 1:1.

Бетис оди во полуфиналната фаза од натпреварувањето откако на првиот меч во Шпанија триумфираше со 2:0.

Непосредно пред крајот на првото полувреме Полјаците постигнаа гол преку Хансен, но истиот беше поништен поради офсајд после ВАР снимката.

Во 78 минута гостите поведоа со голот на Бакамбу, а домаќините го избегнаа поразот благодарение на погодокот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во 81 минута.

Полуфиналист е и тимот на Фиорентина кој иако одигра нерешено (2:2) дома против Целје, во првите 90 минути во Словенија, славеше италијанскиот претставник со 2:1.

Continue Reading

Спорт

Стартен триумф за Ѓорческа во Копер

Published

on

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше настапот на ИТФ W75 турнирот во Копер, Словенија што се игра за нагарден фонд од 60.000 долари. Во мечот од првото коло Ѓорческа ја совлада 30-годишната тенисерка од Белгија Мари Бено со 2-0 во сетови (75 61) за 101 минута игра.

Во првиот сет се водеше голема борба, а македонската тенисерка прва успеа да дојде до предност од 4:1 во гемови, а по 5:2 ривалката стигна до 5:5. По голема неизвесност во 12-тиот гем Лина направи брејк за водство од 1-0 во сетови откако го доби првиот сет со 7:5 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка имаше целосна контрола и сетот го доби со 6:1 во гемови.

Според програмата за денеска беше предвиден и мечот од 2.коло, но поради дожд мечот беше преместен за програмата во петок. Противничка на Ѓорческа ќе и биде Екатерина Горгодзе од Грузија, која со 2-1 (63 46 10-6 на поени) во сетови ја елиминира втората носителка Селена Јаничијевиќ од Франција.

Во меѓусебните дуели Ѓорческа води со 2:1 во победи и сите мечеви на ИТФ турнирите се одиграни во три сета, додека Ѓорческа има и еден триумф вп БЏК купот кога противничката го предаде мечот.

Continue Reading

Спорт

Македонија до 18 поразена од Словачка со 3:1 на вториот контролен натпревар

Published

on

Репрезентацијата на Македонија до 18 години беше поразена со 3:1 од соодветната селекција на Словачка во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Јан Брнула го отвори резултатот на средбата со погодок во 18. минута. На 2:0 зголеми Кристијан Стручка во 28. минута. Филип Трело го постигна третиот погодок за Словачка во 45. минута.

Во продолжението од средбата избраниците на селекторот Ерхан Селими успеаа само да го намалат резултатот. Давид Стојановски беше стрелец на погодокот во 60. минута.

Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации заврши нерешено 1:1.

Македонија: Павел Трајковски, Златко Радески, Абдулах Аслани, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Адмир Љатифи, Каменчо Андоновски, Али Хисар, Андреј Мурџески, Бојан Затуроски, Стефан Марковскич;

Резерви: Давид Илоски, Онур Бешир, Горазд Ристовски, Марко Киш, Димитар Шаркоски, Назиф Цека, Емир Шаботиќ, Кренар Хоти, Албион Мусли, Џек Едвард Митревски, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими;

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк