Connect with us

Македонија

Ахмети да објави КОЛКУ ПАРИ ИМА НА СМЕТКА

Во ДУИ конечно им текна дека треба да се чистат самите себе од криминал. Конечно погодија каде е криминалот, реагираше Коалицијата Вреди преку соопштение.

„ДУИ, партијата што дваесет години ги третираа Албанците како основа само и единствено како основа за фамилијарна фирма и бизнис, деновиве најавува ‘ветинг’ – прочистување на функционерите од криминал и корупција. Одлично! Конечно им текна дека треба да се чистат самите од себе. Но, ако навистина се сериозни, нека почнат од својот лидер – Али Ахмети!“, се вели во соопштението.

Оттаму поставуваат неколку прашања до ДУИ:

Како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, без да вложи ни денар, стана косопственик на трговскиот центар „Соравија” во Скопје, објект вреден 30 милиони евра? Ако овој ветинг е вистински, објавете ги договорите, финансиите и банките што го финансирале ова „чудо”.

Како фирмата „Тор Индустриес” на Дрин Ахмети добива милионски договори како подизведувач на Коридорот 8 и патот Кичево-Дебар? Колку од тие милиони се враќаат во партиските џебови?

Зошто Министерството за економија, предводено од Крешник Бектеши, не ја укина концесијата на „Еверест ЏД”, иако фирмата на Дрин Ахмети експлоатирала минерални суровини нелегално? Наместо санкција, добил нови тендери!

Како Бесиан Ахмети, друг внук на Али Ахмети, со само 10 месеци искуство доби висока дипломатска функција во Брисел? Па не сме знаеле дека талентот за дипломатија е наследен по крвна линија!

Зошто Шкумбин Ахмети, синот на Али Ахмети, кој дипломирал на тетовскиот универзитет како архитект, сега управува фирма за производство на струја и со братучедите планира да изгради фотоволтаична централа од 60MW вредна 35 милиони евра? Дали овие проекти се дел од „зелената агенда” на ДУИ или само од нивните зелени банкноти?

„Ако ДУИ навистина сака ветинг, нека го почне од сопствените редови. Нека објави колку пари има на сметка Али Ахмети, неговото семејство и сите негови блиски соработници. Нека докажат како овие луѓе, кои никогаш не работеле ништо освен политика, се трансформираа во мултимилионери. Но, ние знаеме дека ова е само уште една лажна претстава. ДУИ ќе зборува за ветинг, но нема да го допре сопствениот криминал. Ќе се кријат зад празни изјави, додека зад кулисите продолжуваат со истите коруптивни шеми. Затоа, пред да го лажете народот, почнете со ветинг на Али Ахмети! Ако немате храброст за тоа, тогаш вашата ‘борба против криминалот’ не е ништо друго освен нова измама. Граѓаните веќе ја препознаваат вашата игра – ДУИ и криминалот се едно исто!“, наведено е во соопштението на Вреди.

Advertisement

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading

Македонија

Следува многу потопол период – температурата ќе достигне до 17 °C оваа недела

Според најавите од УХМР, во текот на следната седмица Македонија ќе се соочи со необично топло време за декември. Дневните температури се очекува да се искачат до 17 степени Целзиусови, што ќе донесе значително затоплување и ненормално високи вредности за овој период од годината.

Според прогнозата, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а во претпладневните часови по одделни котлини може да се појави магла. За викендот се најавува стабилен и сув метео-услов, без значителни врнежи.

Ова затоплување доаѓа по неколку денови со нестабилно време и температури над просекот — но новиот топол бран ги изненади граѓаните со необична реткица утринска отсутност на ладно.

Граѓаните се охрабруваат да ги искористат поволните услови за надворешни активности, но и да бидат подготвени за брзи промени во времето, како што е можна магла на ниски места или повремени ветрови во попладневните часови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг