Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски за говорот на ЏејДи Венс: Тоа е новото нормално што доаѓа од Вашингтон и кое ќе го преплави светот

by Уредник
23.02.2025
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека американскиот потпретседател ЏејДи Венс не е претставник на крајната десница.

„Ако некој ја говори вистината и ако таа содржи вистински примери каде што јасно се прикажуваат двојните стандарди како што ги кажа претседателските избори во Романија, неколку примери во Велика Британија, Шкотска, Германија…тоа нас не треба да нѐ оптоварува и не треба да се обидуваме да го цензурираме. На вистината треба да ѝ погледнете во очи и да барате начин да аргументирате и борите ако сакате таа вистина да ја промените. Сега во Вашингтон на најголемиот настан на Републиканците, разговарав со десетици луѓе. Таа е линијата, тоа е новото нормално кое што доаѓа од Вашингтон и кое што ќе го преплави светот. Тука нема играње. Ние сме тие кои први го запоседнуваат теренот. Тоа е мој начин на работа. Нема втора шанса за прв впечаток. Запоседни го теренот, па потоа кој и да дојде, се реди позади тебе. Мораме да го запоседнеме теренот и да се пронајдеме во едно ново нормално“, кажа премиерот во неделата во скопската населба Ченто за политиките на новата американска администрација низ светот.

„Ако некому му пречи тоа што го кажа ЏејДи Венс… и на мене ми пречи што 20 години не можам ниту милиметар да се мрднам, не затоа што не сум добар, туку затоа што некој треба да решава прашања од 10-ти век во 21-от век. Треба да си ја кажеме вистината. Ако отидете во тие центри и седнете со луѓето, тоа е вистинскиот начин. Ќе се борам и понатаму“, додаде Мицкоски.

Претседателот на Владата информираше дека во петок патува во Истанбул, на приватен ручек со тамошниот претседател Реџеп Таип Ердоган за, како што вели, потврда на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Турција. За наредниот понеделник и вторник, предвидена е меѓувладина конференција во Будимпешта.

Next Post

Грција: Уште една седмица затворени училиштата

Ова е секторот со највисока плата во Македонија – Над 200.000 денари месечно!

Препорачани Вести

Меџити: Во Арачиново за една година инвестирани 164 милиони денари

5 months ago

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.