Лидерот на коалицијата ЦДУ/ЦСУ Фридрих Мерц зборува по објавувањето на првите изборни резултати, кои покажаа дека неговата алијанса е на прво место со 29 отсто од гласовите.
– Победивме на овие сојузни избори. „Светот надвор не чека нас и долгорочни преговори“, рече Мерц, нагласувајќи дека сака што поскоро да ги започне преговорите за формирање коалиција.
Мерц прогласи победа на германските избори
Лидерот на ЦДУ гледа причина за славење и покрај успехот на крајнодесничарската АфД.
– Ние, Сојузот, победивме на овие сојузни избори. Затоа што ЦДУ и ЦСУ многу добро соработуваа. Би сакал да му се заблагодарам на Маркус Зедер. Свесен сум за одговорноста и за димензијата на задачата што е пред нас. Знам дека нема да биде лесно“, изјави кандидатот за иден канцелар на Германија.
Кога станува збор за изборната кампања, тој нагласува дека била „тешка“.
– Водевме многу тешка изборна кампања. Тоа беше важно за дебатата. Целта сега е што поскоро да се формира влада способна да преземе акција – нагласи лидерот на ЦДУ.
Шолц: Никогаш не смееме да ја прифатиме екстремната десница
Кандидатот на СПД за канцелар Олаф Шолц го призна поразот на изборите и му честиташе на Мерц за изборната победа.
Во својот говор тој се осврна и на екстремната десница АфД, нагласувајќи дека тоа е „нешто што никогаш не смееме да го прифатиме“.
Први проекции за изборните резултати
Ова се проекциите на ArD:
ЦДУ/ЦСУ 29%
AfD 19,5%
СПД 16%
Зелените 13,5%
Левица 8,5%
FDP 4,9%
БСВ 4,7%
Ова се проекциите на Билд
Очекувано или не, само трите најголеми фаворити меѓу партиите ги зазедоа водечките позиции.
Во однос на оваа проекција, првите официјални резултати покажуваат дека ЦДУ/ЦСУ има 28,5 отсто од гласовите, АфД 20, а СПД 16,5.
Германскиот Бундестаг, според сегашните резултати, би можел да изгледа вака:
ЦДУ/ЦСУ 211 места
AfD 142 места
СПД 116 места
Зелените 98 места
Останати 62 места
Останатите партии мака мачат да го поминат прагот.
Германците денеска избираа нова влада по распадот на владејачката „семафор коалиција“ на канцеларот Олаф Шолц, составена од социјалдемократите, либералите и зелените.
Тешко дека една партија ќе има мнозинство во Бундестагот, па најголемото прашање е со кого ќе коалицира ЦДУ/ЦСУ.
Така, Германија наскоро би можела да има „црно-црвена“ влада, односно сојуз на ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите (СПД), пренесува Блиц.
Конзервативците имаат најголема поддршка.
Ова е само четврти пат во поновата историја по Втората светска војна во Германија да се одржат предвремени парламентарни избори.
На изборите учествуваа 29 партии, но само 10 ќе имаат кандидати во сите 16 германски сојузни покраини.
По заминувањето на Коцевски, Советот на јавни обвинители ќе постави вршител на должност
Советот на јавни обвинители на седницата закажана во 11 часот денес, треба да именува вршител на должноста државен јавен обвинител, откако актуелниот обвинител Љупчо Коцевски пред два дена поднесе неотповиклива оставка. Назначувањето ќе се врши согласно член 25, став 3 од Законот за јавно обвинителство.
Оставката на Коцевски беше соопштена на прес-конференција, непосредно пред почетокот на собраниската седница на која, по предлог на Владата, требаше да се отвори расправа за негово разрешување. Со тој потег, тој практично ја пресече постапката што ја иницираше извршната власт.
Коцевски оцени дека станува збор за опасен преседан со долгорочни последици врз институционалниот поредок и уште еднаш потенцираше дека обидот за негово разрешување е мотивиран исклучиво од политички причини.
„Од самиот почеток тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Токму затоа денеска поднесов неотповиклива оставка“, изјави Коцевски на прес-конференцијата.
Од друга страна, Владата го оправда предлогот за негово разрешување со наводи дека Коцевски направил сериозни професионални пропусти и дека со своето работење го нарушил угледот на Јавното обвинителство.
Претседателсот на Општинската организација на СДСМ во Битола, Методија Куновски, поднесе оставка само еден ден по изборот на Драган Крајовски во Извршниот одбор на партијата, како дел од новиот тим на лидерот Венко Филипче. Оваа изненадувачка одлука го отвора прашањето за внатрепартиските промени и новите динамики во битолската организација.
Куновски, кој ја презеде функцијата на чело на битолската организација во ноември минатата година, објави дека оставката ја доставил лично до претседателот Филипче. На последните локални избори во Битола, тој беше кандидат за градоначалник, предизвик кој, според него, никој друг не сакаше да го прифати поради извесната загуба на СДСМ.
„Одлуката ја донесов по темелна и одговорна лична и политичка проценка. Како претседател се соочував со сериозна дилема помеѓу обврската кон организацијата и впечатокот дека принципите што ги застапуваме јавно сè потешко се применуваат во пракса. Социјалдемократијата во која верувам не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност“, напиша Куновски на Фејсбук.
Поранешниот новинар, а денес вработен во прес-службата на РЕК „Битола“, потенцира дека функцијата ја прифатил со искрена намера да ја зајакне организацијата, да ја отвори кон членството и да ја врати довербата кај граѓаните. Но, како што истакнува, во изминатиот период сè појасно се појавиле практики кои не се во согласност ниту со неговите лични принципи, ниту со вредностите на социјалдемократијата.
„Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Политичката и моралната одговорност налагаат јасен став и чесен чекор кон членството и граѓаните на Битола“, додава Куновски, благодарејќи им на членовите за поддршката.
Оставката на Куновски следува по одлуката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, да го врати Драган Крајовски во Извршниот одбор. Крајовски, кој претходно беше претседател на битолската општинска организација, го заменува Методија Илиевски, разрешен потпретседател и член на ИО.
Крајовски има богата партиска биографија – по професија е правник и адвокат, поранешен директор на затворот „Црн Мост“ во Битола, лидер на младината на СДСМ во градот и член на Централниот одбор на партијата. Битолчани го гледаат како „големо враќање“ во партијата, а тој важеше и за близок соработник на поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Со оваа динамична промена на лидерската позиција, СДСМ во Битола влегува во нова етапа, а политичките движења во градот ветуваат уште повеќе интересни пресврти.
Стабилно време со магла до понеделник, дожд од вторник
До понеделник се очекува стабилно и претежно тивко време низ земјава, со појава на магла во утринските часови и зголемена облачност на некои места.
Утре, 18 декември, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека претпладне на одредени места ќе се појави магла. Ветарот ќе биде слаб и променлив.
Во Скопје се очекува слично време, со претежно тивко време и појава на магла во котлинските делови претпладне.
Стабилното време ќе се задржи до понеделник, а од вторник се најавуваат локални врнежи од дожд.