Connect with us

Република

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ОХРИД ЛЕТААТ ВО НЕБО: Квадрат до 4.000 евра, а побарувачката не запира!

Цените на становите во Охрид бележат рекорден раст, достигнувајќи и до 4.000 евра за квадратен метар на најатрактивните локации, како крајбрежјето и центарот на градот. Во останатите делови, како Охридати, Билјанини Извори и Воска, тие се движат меѓу 1.200 и 1.500 евра, додека постарите станови, во зависност од состојбата и локацијата, може да се најдат за околу 1.000 евра по квадрат.

Побарувачката значително ја надминува понудата, што доведе до дуплирање на цените во однос на 2020 година. На овој тренд влијаат и зголемените трошоци за градежни материјали, инфлацијата, како и ограничената понуда на нови станови.

Најголем интерес има за помали станови, со површина од 30 до 50 м², кои се купуваат не само за живеење, туку и како инвестиција за туристичко изнајмување. Овие недвижности најбрзо се продаваат, особено ако се во близина на езерото или во популарни зони како Свети Стефан и Пештани.

Главни купувачи се жители од Скопје, иселеници, како и странци, меѓу кои најмногу има Холанѓани, Германци и Скандинавци. Се зголемува и интересот за куќи во стариот дел на Охрид, каде цените достигнуваат до 3.000 евра по квадрат, зависно од локацијата и погледот.

Дополнително, изградбата на луксузни комплекси на премиум локации дополнително ја зголемува побарувачката и ги зголемува цените на недвижностите во градот.

Advertisement

Република

Овие места утре во Тетово и тетовско ќе бидат без струја

ЕВН Македонија најави планирани прекини во напојувањето со електрична енергија за утре, 11 декември 2025 година, на неколку локации во Тетово и тетовскиот регион. Прекините ќе траат од 09:00 до 14:00 часот, а ќе бидат опфатени следните места:

  • Село Одри – делови од населеното место ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати.
  • Тетово – дел од подрачјето на Попова Шапка, конкретно објектите што се наоѓаат во близина на одморалиштата на ЕВН.
  • Село Одри (македонско маало) – објекти лоцирани во овој дел повторно ќе бидат засегнати од прекинот.

Од компанијата информираат дека прекините се дел од редовните технички активности за подобрување на мрежата, а по завршувањето се очекува стабилизирано и подобрено снабдување.

Граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат своите обврски и да преземат соодветни мерки додека трае прекинот во напојувањето.

Continue Reading

Република

По децении најави, Тетово конечно добива Саат кула

До 2026 година треба да започне изградбата на Саат кулата во Тетово, проект што со децении се најавува, но никогаш не се реализира. Финансиската конструкција е обезбедена преку донациски грант од Општина Коња во Турција во вредност од околу 200 илјади евра, но засега нема прецизен рок за завршување на градбата. Меморандумот за соработка го потпишаа Општина Тетово и Националниот центар за конзервација.

„Претходно знаете дека имало неколку обиди, имало и обезбедување на финансиски средства од финансиски поддршки, но не се успеа да се реализира овој проект како дел од културното наследство. Обезбеден е донациски грант од Општина Коња. Верувам дека првите градежни активности ќе започнат во рамки на 2026 година“, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Директорот на Националниот центар за конзервација, Александар Јорданоски, вели дека Центарот веќе ги подготвува сите неопходни активности – од валоризација на културното наследство и проверка на досегашните документи, до целосна ревизија на проектната документација.

„Кон крајот на 2005 и почетокот на 2006 година започнаа археолошките истражувања, што е потребна законска постапка кога треба да започне реализација на ваков тип проект. Во 2016 година беше изработен проектот, беа дадени одредени забелешки и таму застана постапката“, истакна Јорданоски.

Саат кулата останува еден од најчесто ветуваните, но незавршени проекти во Тетово, како во претходните мандати, така и во мандатот на актуелниот градоначалник. Сега, со обезбедени средства и обновени процедури, општината очекува конечно да започне реализацијата.

Continue Reading

Република

Невзат Бејта повторно влегува во трката за Гостивар, овој пат под знамето на ВЛЕН

Невзат Бејта ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар на локалните избори закажани за 11 јануари 2025 година, дознава ТВ21. Поранешниот градоначалник, кој веќе има зад себе два мандати, ќе се обиде да го освои и третиот, овој пат под логото на коалицијата ВЛЕН.

Според информации од ТВ21, Бејта својата кандидатура ќе ја поднесе утре во текот на денот до Државната изборна комисија.

Да потсетиме, гласањето во првиот круг од локалните избори во Гостивар не го достигна законскиот цензус, поради што изборниот процес продолжува со повторување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг