Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи, домашна нега и итна помош 24/7 за пензионерите

by
2025/02/24 22:14:52
in Uncategorized

„Општина Центар постојано вложува во проекти и услуги за подобар живот на повозрасните граѓани. Постојано сме во контакт со нашите пенионери и пензионерски клубови со цел да ги слушнеме нивните реални потреби и да им излеземе во пресрет. Имаме голем број проекти, што ги реализираме со Црвениот крст и здружението Хуманост и со кои обезбедуваме конкретна помош и поддршка”, истакна градоначалникот Горан Герасимовски во интервјуто за „Трето доба“ на МРТВ.

Тој посочи дека еден од многуте проекти е и успешната и одлично прифатена услуга „Центар се грижи за возрасните“, која се спроведува во соработка со Хуманост.

„Ова е одличен проект кој опфаќа 90 домаќинства. Во моментов има слободни места за нови корисници. Можат да се пријават наши повозрасни граѓани на коишто им треба одредена помош, физичка нега, помош низ дома. Нашите служби преку Хуманост неколку пати неделно ги посетуваат повозрасните жители кои живеат сами и на кои им е потребно да им се помогне во нивните секојдневни домашни обврски. Оваа услуга ја подобруваме секоја година, со цел да стигнеме до што поголем број наши сограѓани”, објасни Герасимовски.

Посебно внимание се посветува на здравствената заштита. Општината за пензионерите обезбедува континуирани бесплатни стоматолошки прегледи во соработка со Стоматолошкиот факултет.

Дополнително, Општина Центар во соработка со Црвениот крст на град Скопје обезбедува поддршка преку услугата „Итно копче“.

„Со Црвениот крст на Град Скопје потпишавме договор за услугата ‘Итно копче’. Повикот е во тек. Оваа услуга им овозможува на нашите жители над 65 години, во случај на итна потреба, да им се обезбеди итна помош во домашни услови, достапна 24/7 во текот на целата година. Се постави посебна алармна алка и рутер во домаќинството за да се пријави здравствениот проблем до Црвениот крст, со цел тие да реагираат и да им излезат во пресрет,“ истакна Герасимовски.

Герасимовски додаде дека Општина Центар во соработка со Црвениот крст обезбедува бесплатен транспорт до болниците,, која би можеле да ја користат одредени повозрасни жители.

„Услугата е воведена од минатата година и се однесува на лица над 18 години. Полнолетните лица што користат ортопедско помагало инвалидски колички, дубаци или одалки како и граѓаните кои поради болест се во лежечка состојба односно неподвижни можат да користат бесплатен превоз до било која здравствена установа во Скопје”, посочи градоначалникот.

Герасимовски информираше и дека Општина Центар минатата година обезбеди еднократна парична помош за 1735 пензионери од по 2500 денари. Станува збор за редовна финансиска помош која континуирано, на крајот на секоја година се исплаќа на корисниците на старосна, семејна или инвалидска пензија не повисока од 23.758,00 денари.

„Во последните три и пол години, откако сум на функција, 0 денари во кабинетот се потрошени на службени дневници, патувања или непопуларни кафеански трошоци. Средствата ги насочуваме кон реални проекти и поддршка на граѓаните – пензионерите, социјално загрозените и лицата со попреченост”, потенцираше Герасимовски.

Next Post

Во ОН усвоена резолуцијата на САД за Украина, коспонзорирана од Македонија, но и таа на Киев

Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера

Дамјан Стојановски стави крај на репрезентативната кариера

Препорачани Вести

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 143 км на час на место што брзината е ограничена на 50 км на час

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 143 км на час на место што брзината е ограничена на 50 км на час

1 month ago
Нетанјаху: Израел е подготвен да ги продолжи борбите во Газа во секое време

Нетанјаху: Израел е подготвен да ги продолжи борбите во Газа во секое време

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.