Connect with us

Спорт

Надмоќ на Еурофарм Пелистер во Битола 60 минути, +13 за прво место во плеј-офот

Еурофарм Пелистер – Алкалиод 33:20 (16:11)

Вечерва во Битола пред полни трибини во “Боро Чурлевски“ македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер одиграа надмоќно дерби дуелот на колот против Алкалоид победувајќи со 33:2о, полувреме 16:11.

Со оваа висока победа “пелистерци“ ја презедоа лидерската позиција на табелата, а има уште три кола, а ако се оди според планот ќе бидат во пол-позиција на стартот на плеј-офот.Во тимот на Еуеофарм Пелистер лидер вечерва беше Филип Кузмановски, а блескаше и репрезентативниот голман Никола Митревски, а фаќаше и “живи топки“.

Еурфарм Пелистер одлично го отвори натпреварот и дојде до+5 (8:3). Разликата од пет гола беше на четири пати во продолжението од мечот беше пет гола разлика, 11-6, 14-9 па 15-10, а со голот на Хосни пред паузата првпат се поведе и на плус од шест гола.Со гол на Никола Маркоски на празна мрежа, на пауза Алкалоид замина со пет гола негатива (16-11).

Следуваше период во кој гостинот ја стабилизира играта и по предноста на Еурофарм Пелистер од 11:6, постигна два гола во низа за минус три, 11:8.Избраниците на Алонсо до крајот на првиот дел не дозволија ривалот да има било какви шанси за кам-бек, лесно ги добиваа дуелите “еден на еден“ и на пауза заминаа со предност од 16:11.

Какo заврши првото, така “пелистерци“ го започнаа второто полувреме: За брзо беше +7, (18:11). Алкалоид ништо не можеша да одигра во напрад пред одбраната на Пелистер, а “пелистерци“ и погодуваа.

Во 35 минута поведе со 21:13, а по седум минути подоцна дојде и до 25:14, или +11. Високата предност домаќинот ја одржуваше и понатаму, на влезот во последните десет минути беше 26:16.Никола Митревски го заврши натпреварот со 12 одбрани и еден гол и беше главен на мечот, а кај стрелците, Филип Кузмановски имаше 11 гола, пред Богдан Радивојевиќ со осум реализации.

Галеријата и оригиналната статија може да ја погледнете на bitolanews.com.mk

Advertisement

Спорт

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ПРОТИВ ТУРЦИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ТУРНИРОТ ВО АНКАРА

Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше успешно на турнирот во Анкара, совладувајќи ја домашната селекција на Турција со 29:26. Натпреварот беше израмнет најголемиот дел од времето, со 12:12 на полувреме, но избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го презедоа контролата во финишот и стигнаа до важен триумф.

Емилијана Ризоска блескаше со 11 постигнати гола, додека голманката Драгана Петковска се истакна со 10 интервенции, меѓу кои и одбрана на седмерец, што значително го насочи натпреварот во корист на Македонија.

Нашите ракометарки утре од 12 часот ќе играат против Словенија, а турнирот ќе го затворат в недела со дуел против Словачка, кој започнува во 10 часот.

Continue Reading

Спорт

ВИДЕО: Димитриевски херој: Одбрани пенал во 119., па Валенсија ја нокаутира Картагена!

Валенсија со многу мака и драматични моменти избори пласман понатаму, откако по 120 минути фудбал успеа да го совлада второлигашот Картагена со 2-1. Херој на вечерта беше македонскиот голман Столе Димитриевски, кој со блескава интервенција во самиот финиш го задржа тимот во игра.

Картагена поведе во првото полувреме, кога Ортуно успеа да го совлада Димитриевски, па домаќините ја завршија паузата со водство од 1-0. Тоа резултатско преимуство траеше сè до 80. минута, кога Белтран погоди и донесе израмнување за Валенсија.

Кулминацијата на драмата се случи во 119. минута, кога Картагена доби пенал. Санчез шутираше, но Димитриевски со фантастична одбрана ја спаси својата екипа и го одржа резултатот жив. Само две минути подоцна, во 121. минута, Васкез одлично реагираше и погоди за конечни 2-1, обезбедувајќи победа и големо славје за гостите.

Димитриевски ја обележа вечерта со одбрана која директно ја смени судбината на натпреварот и уште еднаш потврди дека е еден од најсигурните голмани во Ла Лига.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Спорт

Млад талент од Австралија со јасна цел – Самуел Вртковски сака да игра за Македонија

Преку океанот, во далечна Австралија, расте нов македонски фудбалски потенцијал – 16-годишниот Самуел Вртковски, член на Macarthur Bulls, клуб што настапува во најсилната австралиска U16 лига. Иако се развива во сосема поинакво фудбалско опкружување, неговиот најголем сон останува ист: еден ден да го облече дресот на Македонија.

Роден во 2009 година, Самуел во септември ја прослави својата 16-та година. Настапува како дефанзивен играч за врска, позиција што ја покрива со голема сигурност, зрелост и техничка прецизност.

Младиот Вртковски веќе важи за играч со исклучително чувство за игра – одличен преглед, прецизни додавања и силна тактичка поставеност за своите години.

Неговите бројки оваа сезона го потврдуваат тоа:

Точност на додавања: 91% Добиени дуели: 2.9 по натпревар Пресечени топки: 2.3 по натпревар Успешни дриблинзи: 2.7 по натпревар Асистенции: 11 во сезоната

Со висина од 175 сантиметри, Самуел е физички подготвен и доминира во дуелите, што дополнително го прави атрактивен за секоја фудбалска школа.

Голема желба и на Самуел и на неговото семејство е во иднина да заигра за Македонија. Фудбалската фаланга постојано бара млади таленти ширум светот, а Вртковски несомнено е еден од нив.

Македонската фудбалска федерација би можела да обрне внимание на неговиот развој – а ако со својот квалитет ја заслужи шансата, воопшто не е невозможно во иднина да го видиме во црвено-жолтиот дрес.

Во коментарите под објавата се наоѓа и видео со најдобрите моменти од Самуел Вртковски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг