Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Сиљановска-Давкова на средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов

by Redakcija
25.02.2025
in Uncategorized

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, одржа средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, на која беше разговарано за досегашните и идните активности за унапредување на односите со македонската дијаспора.

Агенцијата соработува со широка мрежа од 700 иселенички организации – црковни, спортски и културно-уметнички здруженија – кои покажуваат силен интерес за комуникација со државните институции. Претседателката истакна дека оваа соработка е клучна за зајакнување на врските меѓу иселениците и татковината.

На средбата, Сиљановска-Давкова предложи иницијатива за доделување награди на најуспешните Македонци од дијаспората во областа на науката, културата, бизнисот и спортот. Дополнително, таа ја потенцираше потребата од изработка на „Дигитален регистар на најуспешните во дијаспората“, кој би се реализирал во соработка со Владата, МАНУ, универзитетите, амбасадите и други релевантни институции. Овој регистар би претставувал важен механизам за евидентирање и ангажирање на македонскиот интелектуален и професионален потенцијал низ светот.

Претседателката ја нагласи важноста на активната улога на дијаспората во развојот на Македонија и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на нивните иницијативи и проекти.

Next Post

Стентон градба со успешна санација на Вардар кај Туденце: Побезбедна околина и заштита од поплави

Меџити: Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал, СДСМ оди по паметот на ДУИ

Препорачани Вести

Банка вработува раководител во Тетово

11 months ago
Мајка и ќерка се степале пред ресторан во Кавадарци

Матичар измислил брак меѓу Албанец и Унгарка, завршил со кривична пријава!

3 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.