Connect with us

Економија

Ангеловски за ТВ 24: Непријатно сме изненадени, вакво нешто не очекуваме

Течат роковите за поднесување на забелешките  на маркетите и Сојузот на стопански комори кои добија прекршочна пријава од Комисијата за заштита на конкурентноста за картелско здружување поради наводно договарање на цени. Телевизија 24 побара ставови од членови на раководството на ова бизнис здружение. Тие не сакаа официјално да кометираат, но неофицијално дел од нив велат дека на овој начин сериозно се нарушува кредибилитетот и легитимитетот на комората. ТВ24 побара став и од првиот човек на ССК Трајан Ангеловски, во телефонски разговор најави дека ќе реагираат на допосот од комисијата.  

Трајан Ангеловски Претседател на ССК: „Ние сме непријатно изненадени. Ова не сме го очекувале. Секогаш нашето делување било во правец на заштита на потрошувачите и  заштита  на компаниите, како и фер распределба на маржата. “

Документот на антимонополска излезе во јавноста вчера, ден претходно двајца потпретседатели на ССК во гостување на ТВ 24 изјавија дека за ценовниот притисок не се виновни маркетите но и дека се против картелско здружување. За регулација сметат дека државата ги има механизмите.

Ромео Костадинов Потпретседател на ССК: „Такво договарање е исклучено. Трговците тоа не го прават, во суштина не го прават. Можно е да се случува, но за тоа има тела и органи кои што може тоа да го потврдат. Имаме закон за заштита на конкуренцијата, имаме Комисија за заштита на конкуренцијата, ако тоа е направено тоа ќе се санкционира. Тоа е најлошото што може да се случи на една економија. “

Горан Ѓеоргиевски потпретседател на ССК: „Јас ги почитувам државните институции, Државен пазаредн инспекторат, Министерство за економија и дека се откриени некои работи како тоа функлционира, мора да се потпреме на тие информации, верувам дека се издржани, јас немам такви информации, тоа се сериозни институции.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата писмено ни одговорија дека официјални ќе почекаат засегнатите компании и комората да ги достават нивните забелешки и по истек на рокот за тоа ќе ја известат јавноста со сите детали. Законските глоби кои би се наплатиле од евентуално докажување на вина од страна на маркетите и комората би изнесувала околу 50 милиони евра. 

Комисија за заштита на конкуренцијата: „Потешките прекршоци се однесуваат на забранети договори (картели), злоупотреба на доминантна позиција, за истите е предвидена глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година. Кога прекршокот е сторен од здружение на претпријатија, а се однесува на активностите на неговите членови, глобата нема да го надмине износот од 1%, изразена во апсолутен и номинален износ за полесни прекршоци, односно 10%, изразена во апсолутен и номинален износ за потешки прекршоци, од збирот на вкупниот годишен приход на секој член на здружението кој делува на релевантниот пазар.“

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека  секој оној кој што ќе се служи со трикови ќе сноси одговорност согласно законот.  Инаку, висината на цените во маркетите е еден од најголемите проблеми на граѓаните  неколку години. Како оваа така и минатата власт преку мерки се обидуваа да спроведат контрола на инфлацијата, но општата перцепција е дека граѓанита континиурано  ја губат битката со куповната моќ. 

Извор: 24.mk

Advertisement

Економија

Кратово, Кочани и пет други града со 100% неправилности во УЈП контролите: Каде е најцрно на фискалната мапа на Македонија?

Управата за јавни приходи ги објави резултатите од 266 теренски контроли спроведени во периодот од 1 до 30 ноември 2025 година, насочени кон угостителски објекти, трговци, такси-компании, производствени капацитети, казина и други субјекти. Од вкупниот број контроли, кај 104 субјекти се утврдени неправилности, што претставува сериозен сигнал за ниско ниво на фискална дисциплина во повеќе градови низ државата.

Најновите податоци откриваат драматични разлики по региони: дел од градовите покажуваат исклучително висока дисциплина, додека други буквално „паѓаат“ на секоја контрола. Пресметката на процентуалната успешност – односно соодносот меѓу бројот на контроли и откриените неправилности – покажува дека во неколку општини ситуацијата е алармантна.

Градови со најлоша фискална дисциплина – 100% неправилности

Во седум македонски градови секоја извршена контрола завршила со констатирана неправилност. Тоа се:

Кратово (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Кочани (100%) – 6 контроли, 6 неправилности
Свети Николе (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Дојран (100%) – 1 контрола, 1 неправилност
Делчево (100%) – 3 контроли, 3 неправилности
Берово (100%) – 4 контроли, 4 неправилности

Овие податоци покажуваат дека во повеќе региони системските пропусти се хронични, а непочитувањето на законските обврски е речиси правило, а не исклучок.

Градови со висок ризик – над 70% неправилности

Штип – 81.8%
Гевгелија – 71.4%
Радовиш – 71.4%
Неготино – 66.7%
Струмица – 57.1%

Овие средини не се во категоријата најлоши, но процентите укажуваат дека фискалната недисциплина е распространета и потребни се засилени контроли и поостри мерки.

Средна зона – меѓу 30% и 50% неправилности

Овде се наоѓаат градови со мешана слика, каде дел од субјектите ги почитуваат правилата, но сè уште постои значителен број прекршувања:

Куманово – 46.2%
Гостивар – 41.7%
Кичево – 40%
Охрид – 38.5%
Тетово – 35.3%
Ресен – 33.3%

Овие проценти сугерираат дека дисциплината е далеку од задоволителна, но позитивната страна е што постои значајна група субјекти кои работат според законот.

Градови со ниско ниво на неправилности

Битола – 25%
Прилеп – 20%
Велес – 15.4%
Кавадарци – 15.4%
Скопје – 14.9%

Иако и овие градови имаат утврдени прекршоци, процентите се значително пониски во споредба со останатиот дел од државата, што укажува на подобро усогласување со фискалните правила.

Градови со најдобри резултати – 0% неправилности

Два града се издвојуваат како целосно позитивни примери:
Дебар – 7 контроли / 0 неправилности
Росоман – 3 контроли / 0 неправилности

Овие резултати покажуваат дека фискалната дисциплина може да биде целосно почитувана кога има добра едукација, контрола и соработка меѓу бизнисите и институциите.

Што следува?

УЈП најавува засилени контроли во регионите со највисок процент на неправилности. Санкциите за прекршоците во ноември вклучуваат над 100 глоби за неиздавање фискални сметки, непоседување на фискална опрема, ненаведување дневни извештаи и други сериозни прекршувања.

Фактот што повеќе градови бележат 100% неправилности јасно покажува дека недисциплината е системски проблем, а не поединечен случај.

Continue Reading

Економија

Што се случува во Србија? – Граѓаните масовно купуваат евра, менувачниците не можат да стигнат

Во некои делови на Србија се забележува недостиг од готови евра, а граѓаните масовно ги менуваат своите динари во странска валута, јавуваат локалните медиуми.

Според официјалниот курс на Народната банка на Србија (НБС), едно евро вреди 117,75 динари, но на терен цената е значително повисока. Во Бујановац, на пример, едно евро се продава за 120 динари, а менувачниците предупредуваат дека поради големата побарувачка оваа бројка наскоро може да биде надмината.

Ситуацијата се засилила поради продлабочувањето на кризата со НИС и стравувањата дека НБС може да се соочи со санкции од САД. Граѓаните масовно ги празнат своите штедни сметки и ги менуваат динарите во евра, додаваат менувачите.

НБС, сепак, потврдува дека недостигот на евра во одредени менувачници не значи дека има проблем со понудата на странска валута. Во банките и во Народната банка има доволно готовина, а каналите за снабдување функционираат непречено. Како што објаснуваат, менувачниците често ги снабдуваат едни со други и, во услови на зголемена побарувачка, ја зголемуваат цената на еврата за клиентите.

Во понеделник едно евро се купуваше за 119,5 динари, што е значително повисоко од официјалниот курс на НБС.

Continue Reading

Економија

МБИ10 во пад од 0,15%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 9 декември 2025 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,15%, спуштајќи се на 10.239,85 поени, при вкупен промет од 14,14 милиони денари. Тргувањето беше умерено, со најголем обем на активности кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои остануваат најликвидни хартии на официјалниот пазар. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени, без реализирани трансакции со обврзници .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 6.188.910 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.053.560 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 2.760.000 денари

Топ добитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,21%

Топ губитници

● Гранит АД Скопје (GRN) –0,51%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –1,99%

● Раде Кончар АД Скопје (RDK) –17,46%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на 128,73 поени, без промени. Тргувањето на Македонската берза на 9 декември 2025 година се одвиваше со вкупен промет од 14,14 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,15%. Најликвидни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, со доминантен удел во дневниот промет. Најголем раст забележа Алкалоид, додека Комерцијална банка и Гранит беа меѓу губитниците на денот. Обврзничкиот пазар остана без активности, со непроменет индекс ОМБ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг