Connect with us

Магазин

Дневен хороскоп за 27 февруари:

Овен

Изненадите денес веројатно нема да му се допаднат на вашиот партнер, па затоа подобро избегнете ги. За да спречите непотребни главоболки, не брзајте и добро размислете пред да преземете какви било чекори. Не ги одложувајте работните обврски, бидејќи постои можност за доцнење на работа, а тоа нема да му се допадне на вашето раководство. Бидете продуктивни и поставете си реални финансиски цели – колку пореални, толку побрзо ќе ги постигнете.

Бик

Насочете ја целата своја енергија кон тоа да го направите партнерот среќен. Покажете ја вашата романтична страна, а за возврат ќе добиете уште повеќе љубов и внимание. Можеби уште од утрото ќе добиете деловни понуди преку е-пошта, но не носете конечни одлуки веднаш. Почекајте до попладне, кога ќе ги проучите сите детали. Не мора да излегувате од вашата комфорна зона за да ја подобрите финансиската состојба – малите промени во стратегијата ќе донесат позитивни резултати.

Близнаци

Вашата врска ќе се заснова на доверба и разбирање, а поддршката што ќе си ја давате еден на друг ќе ја зацврсти вашата љубов. Денес може да се истакнете како лидер во тимот – од вас ќе зависи успехот на компанијата. Бидете храбри со идеите, дури и ако треба да ризикувате. Ќе водите битка за финансиска стабилност, но ако останете истрајни, наскоро ќе видите позитивни резултати и добар профит.

Рак

Не чувствувајте обврска да се согласувате со сè што вашиот партнер вели или предлага. Денес заземете став и донесете сопствени одлуки. Можно е да добиете нови деловни понуди, но почекајте до попладне за да ги разгледате детално пред да одговорите. Бидете внимателни со парите – постои ризик некој да се обиде да ве измами. Доколку некој покажува премногу интерес за вашите идеи, можеби всушност се интересира за вашите финансии.

Лав

Посветете време на заедничка активност со партнерот, било да е тоа спорт или готвење – комуникацијата ќе биде клучна. Ќе се справите со сè на работното место, но можеби ќе наидете на незадоволство од колегите за незначителни работи. Не дозволувајте роднините или пријателите да ви влијаат кога станува збор за трошење пари, особено за реновирање или декорирање на домот.

Девица

Најдоброто што можете да направите денес е да го поттикнете партнерот да ви ги открие сите негови тајни. Почнете така што ќе споделите нешто лично и создадете атмосфера на доверба. Денот е поволен за завршување на старите обврски, но не и за нови почетоци. Работниот ден ќе ви биде интензивен, па најдете време за мали моменти на радост – кафе, чоколадо или нешто што ве прави среќни.

Вага

Не дозволувајте самокритичноста да ви ја уништи самодовербата – вината за проблемите во врската не е само ваша. Бидете внимателни на работа, одржувајте професионални односи со колегите. Ако вашите пари само стојат на банкарската сметка, нема да очекувате голема заработка – размислете за инвестиција, дури и ако почнете со мала сума.

Шкорпија

Ќе ви биде тешко да најдете баланс меѓу работата и личниот живот. Организирајте го времето така што ќе ги завршите обврските, но и ќе му посветите внимание на партнерот. Ако сте без работа, денес може да добиете добра понуда. Желбата за моќ ќе ви биде поважна од парите, но не прикажувајте висок животен стандард само за пред другите – оние што ве познаваат ќе ја откријат вистината.

Стрелец

Ќе имате можност да ги наметнете вашите ставови во врската и конечно да го убедите партнерот во вашите идеи. Подгответе се за напорен работен ден, сите ќе се потпираат на вас. Ако се појави нешто неочекувано, не носете избрзани одлуки. За да не морате да ги трошите заштедите, ќе мора да бидете флексибилни со финансиското планирање.

Јарец

Можно е да имате несогласувања со партнерот поради зголемени трошоци. Не дозволувајте финансиските проблеми да ѝ наштетат на вашата врска. Ќе се соочите со пречки на работа, но останете смирени и решителни. Денот е добар за преиспитување на големите купувања – дали навистина вреди да потрошите толку пари?

Водолија

Денес препуштете му на партнерот да се грижи за вас – нека ви подготви појадок додека вие се посветувате на себеси. Избегнувајте лошо расположение на работа за да не си создадете проблеми со колегите. Ако сакате поголеми приходи, направете промена – не можете да очекувате различен резултат ако секогаш правите исто.

Риби

Бидете поддршка за партнерот и помогнете му да се расположи, без разлика на цената. Создадете пријатна атмосфера дома. Ќе напредувате во кариерата ако не дозволите да се разсејувате. Денес е добар ден за постигнување финансиски цели, а ќе бидете задоволни од напредокот.

Advertisement

Магазин

Небесен спектакл над Македонија: Геминидите вечерва и утре ќе го достигнат својот врв

Метеорскиот дожд Геминиди, еден од највпечатливите астрономски настани во годината, го достигнува својот максимум вечерва и утре навечер. Астрономите најавуваат одлични услови за набљудување, особено ако времето биде ведро, а најдобар поглед ќе имаат жителите на северната хемисфера, пренесува Би-Би-Си.

Метеорските дождови се појава што настанува кога Земјата минува низ облаци од остатоци зад комети или астероиди. Кај Геминидите, изворот е астероидот 3200 Фетон – редок пример каде метеорски дожд не потекнува од комета. Кога честичките прашина и карпи влегуваат во атмосферата, тие согоруваат и создаваат светли траги познати како „ѕвезди што паѓаат“.

Иако повеќето метеори се бели, дел од нив може да светат во зелена, жолта, црвена или сина боја, во зависност од хемискиот состав. Натриумот, магнезиумот и калциумот создаваат ефекти слични на огномет, што го прави овој дожд особено атрактивен.

„На ведро ноќно небо може да се видат и до 100 метеори на час, што е исклучително многу. Ова е практично најсилниот метеорски дожд во годината“, изјави Роберт Маси, астроном од Кралското астрономско друштво во Велика Британија.

Оваа година, условите се поволни бидејќи Месечината е во опаѓачка фаза и ќе изгрее подоцна во текот на ноќта, што значи помало пречка за набљудување. Најдобар ефект ќе има од места далеку од градско осветлување, со чист и отворен поглед кон небото.

Геминидите најдобро се гледаат во периодот од 22:00 до 2:00 часот по полноќ, а за набљудување не е потребна никаква опрема – доволно е само голо око и малку трпение.

„Ова е едно од ретките природни задоволства што се целосно бесплатни. Излезете, погледнете кон небото и уживајте – тоа е момент кога можете да заборавите на секојдневните грижи и да се поврзете со универзумот“, порачува д-р Маси.

Continue Reading

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг