Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

by Уредник
26.02.2025
in Uncategorized
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Алсат, запрашан за тоа кога Артан Груби ќе се врати во Македонија, истакна дека Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советуваше да се врати во земјава и да се соочи со правдата.

Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати. Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, порача дека обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат, земјава е стабилна како никогаш досега.

Обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат во тоа и дека ќе бидеме нестабилна држава. Како што гледате девет месеци не само што сме стабилна држава, туку и на меѓународен план постигнуваме такви пријателства и такви сојузништва што се незапаметени во независна Македонија, нагласи премиерот Мицкоски.

За можна соработка со ДУИ, премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен од соработката со коалицијата ВРЕДИ и односите во владината коалиција се кохезивни, цврсти, а цел на коалицијата е подобро утре за граѓаните и државата.

Така работиме и ќе продолжиме да работиме, потенцираше премиерот Мицкоски.

Next Post

Тешка сообраќајна несреќа со жртва на патот Битола – Прилеп

Дневен хороскоп за петок – 28 февруари

Дневен хороскоп за 27 февруари:

Препорачани Вести

Доаѓа студен бран на Балканот

4 weeks ago
Подгответе се за ладно време, многу дожд и снег: Еве какво време ја очекува Македонија во наредниот период

Еве кога се очекуваат првите снегови во Македонија

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.