На 25.02.2025 во 16.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(34) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол „Екол Арас“ магнум и куршуми непознат калибар. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, прпотив него ќе биде поднесена соодветна пријава.







