Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Поведена постапка од Уставниот суд за измените на Изборниот законик – ограничени правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции

by Уредник
26.02.2025
in Uncategorized
Поведена постапка од Уставниот суд за измените на Изборниот законик – ограничени правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции

Уставниот суд на Македонија одлучи да поведе постапка по иницијатива за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

Подносителите на иницијативата за Изборниот законик сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници.

Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на избори на 1 отсто од гласачкото тело, што, според нив, предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите.

Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи.

Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изјави дека судот има сомнежи во уставноста на овие измени, бидејќи тие повредуваат темелни вредности, како владеењето на правото и политичкиот плурализам, како и принципот на еднаквост на граѓаните.

„Станува збор за сомнеж на Уставниот суд во уставноста на измените на Изборниот законик како од неговата формална, така и од неговата материјална страна. Од аспект на две темелни вредности, владеењето на правото и политичкиот плурализам, повреда на принцип на еднаквост на граѓаните, како и од аспект на членовите 22 и 23, кои ги уредуваат еднаквоста на избирачкото право и пристапот на граѓаните – секој има право да извршува јавна функција“, рече Костадиновски.

Оваа одлука, според претседателот на Уставен суд, е особено важна, бидејќи по долго време, Уставниот суд, почнал да ја цени формалната уставност на законите, односно постапката за нивно донесување.

„Досега, судот го оценуваше формалниот аспект само во однос на потребниот број на гласови, но со оваа одлука се навлезе подлабоко во постапката“, појасни тој.

Костадиновски изрази надеж дека оваа одлука ќе доведе до уставно подисциплиниран законодавец, затоа што, како што потенцираше, многу е важно на каков начин и во каква постапка се носат законите. Според него, не е спорно правото на законодавецот да нормира, но постапката мора да биде транспарентна и да ги почитува правните принципи.

„Измените на цензусот, направени во нетранспарентна постапка, ја повредуваат правната сигурност и предвидливост, кои се фундаментални принципи за владеење на правото. Отсуството на јавна и експертска расправа дополнително ги компромитира измените, кои се спротивни на меѓународните стандарди. Според овие стандарди, не е препорачливо најмалку една година пред избори да се прават суштествени измени“, рече Костадиновски, заклучувајќи дека законодавецот ги ограничил правата на граѓаните да се кандидираат за јавни функции со овие измени.

mkd.mk

Next Post

Ангеловски за ТВ 24: Непријатно сме изненадени, вакво нешто не очекуваме

Полицијата пронајде оружје во Тетово

Препорачани Вести

Меџити: „За Чаир не прифаќаме половични решенија, промените веќе започнаа“

5 months ago

Гори дива депонија, пожарникарите со часови се борат со огнот

8 months ago

Популарни Вести

  • „Комуналец“ Битола започна голема акција за кастрење дрвја и чистење на сообраќајниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицковски: Започна изградбата на собирната улица „Туристичка“ во Струга – инвестиција од 135,8 милиони денари за подобра урбана поврзаност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Кичево до Охрид ќе се вози низ галерии – Трајановски покажа како ќе изгледа новиот автопат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонреден состанок во Брисел: Европа се мобилизира по заканите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој заработи, а кој изгуби на Берзата? Топ 5 акции што ја одбележаа 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.