Connect with us

Македонија

ТОЛПА ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО ЛИНЧУВАА УБИЕЦОТ НА КУЧЕТО ФЕЛИКС Обвинетиот седи на улица, активистите ‘ржат над него

Фото: Слободан Ѓуриќ (Слободен печат)

Обвиниетиот Љубе Крстевски беше однесен со амбулантно возило кај црквата „Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар. Разбеснетите активисти дотаму го бркаа, откако тој излезе од Кривичниот суд.

Обвиниетиот Љубе Крстевски од Скопје, денеска едвај спаси жива глава од разбеснетите активисти за заштита на животните, кои за малку ќе го линчуваа на улица по денешното одложено судење од процесот во кој тој е обвинет за сурово убиство на кучето Феликс. Крстевски беше однесен со амбулантно возило кај црквата „Пресвета Богородица“ на кејот на Вардар. Разбеснетите активисти дотаму го бркаа, откако тој излезе од Кривичниот суд.

Според Слободен печат активистите за заштита на правата на животните го пресретнаа обвинетиот Крстевски кој излезе од задната врата на Кривичниот суд. Предната врата на судот беше блокирана за влез и за излез поради големиот метеж и присутните луѓе. Кога обвинетиот излезе од задната врата на судот почнаа бркотници, а обвинетиот бегаше од насобраните активисти, кои го следеа до црквата „Пресвета Богородица“.

Во Основниот кривичен суд денеска се одложи судењето за кучето Феликс кое поради тешки повреди нанесени од двајца соизвршители угина на 7 јануари. Судењето на обвинетите, кои се товарат за делото убивање и мачење животни, ќе се одржи на 13 март.

Судеето беше одложено затоа што еден од обвинетите и неговата одбрана го нема примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за предложената мерка за обезбедување присуство.

Десетици активисти од повеќе здруженија за заштита на животните денеска пред судењето одржаа протест пред Судот. Тие бараат да се смен судската практика и на луѓето кои мачат и убиваат животни да им се изрекуваат затворски, наместо парични казни.

Фото: Слободан Ѓуриќ (Слободен печат)

Advertisement

Македонија

Автошколите под лупа: Дали договарале цени за обука на возачи?

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) фрли сенка врз работата на авто-школите во земјава, откривајќи индиции за можно картелско договарање на цените за обука на возачи. Одлучувачката Комисија за прекршоци при КЗК соопшти дека извршила голем, интензивен увид во повеќе од 40 авто-школи ширум Република Македонија. Целта е утврдување можни драстични прекршувања на Законот за заштита на конкуренцијата.

Она што го откри комисијата е многу сериозно. При увидот, се појавиле силни индиции кои упатуваат на усогласено однесување на авто-школите, односно нелегален картелски договор при формирањето на цените за кандидатите за возачи.

Ова потенцијално претставува директно кршење на клучниот член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, кој го забранува договорното однесување кое ја попречува или ограничува конкуренцијата.

Комисијата нема да застане тука. Тие најавуваат интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите факти поврзани со ова сомнително однесување.

Доколку истрагата го потврди постоењето на забранетото договорно дејствување – односно дека авто-школите им штетеле на граѓаните со вештачки надуени цени – КЗК порачува: ќе бидат преземени најостри мерки согласно законот.

Комисијата е посветена на заштита на фер пазарот и на интересите на потрошувачите – порачаа од КЗК, најавувајќи дека случајот ќе го следат до крај.

Continue Reading

Македонија

Голема полициска акција во Прилепската болница – има уапсени

finansiska

Финансиската полиција денес изврши апсење на лице директно поврзано со Општата болница во Прилеп.

Според информациите, станува збор за сериозен криминал – проневера на вртоглава сума од околу 16.000.000 (шеснаесет милиони) денари од болничките сметки.

Иако засега надлежните институции молчат и не изнесуваат официјални детали, истрагата е во тек.

Повеќе детали за овој скандал се очекуваат во текот на денот, веднаш по официјалната потврда од истражните органи.

Извор: Прес24 

Continue Reading

Македонија

Туфегџиќ: Ревизија на предметите во ОЈО клучна за враќање доверба во правосудството

Вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, адвокатот Владимир Туфегџиќ истакна дека новоизбраниот јавен обвинител треба итно да спроведе ревизија на проблематични предмети во Јавното обвинителство.

„Новиот јавен обвинител веднаш да спроведе контрола на законите во неколку предмети на сите обвинители по случаен избор. Ќе испливаат на површина обвинители кои имаат хроничен проблем со обвиниение, со начинот на постапување, со менаџирање на постапка, со прибирање на докази. Јавното обвинителство ќе добие реална слика кој како постапува, и ќе видите дека шест месеци колку трае истрага, во голем дел не е преземено ниту едно дејствие“, рече Туфегџиќ.

Адвокатот нагласи дека ревизијата е клучна за враќање на довербата на јавноста во работењето на обвинителството.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг