Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции во регионот, најави Мицкоски

by Уредник
27.02.2025
in Uncategorized

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму. Ние ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање.

За годинава, напомена, имаме не помалку од 15 инвестиции, но бројот се зголемува.

-Ќе бидете сведоци на објавување камен-темелници и на почнување производства на некои од директните странски инвестиции. Но, да не ги потцениме и домашните инвестиции кои исто така ќе почнат, користејќи го унгарскиот кредит, напомена Мицкоски.

Во однос на турскиот „Казанџи холдинг“, премиерот информира дека не е само оваа компанија заинтересирана за влез во Македонија кога се работи за изградба на когенеративни централи, туку има, како што рече, и неколку други.

-„Казанџи холдинг“ е само една од неколкуте компании што изразија желба да инвестираат. Овие инвестиции за кои ние преговараме се темелат исклучиво на пазарни услови: струјата што ќе се произведува ќе се продава на слободниот пазар, цената на топлинската енергија ќе се регулира со одлука на Регулаторната комисија и ресурсот е на товар на инвеститорот. Нема оваа Влада да каже кој да ја гради, зошто тој, која е причината, кој ќе го прави далноводот,… и по тоа се разликуваме од нашите претхоници, истакна Мицкоски.

Next Post

Дурло му одговори на Сокол: Животот понекогаш е многу поефективен во распределба на правдата отколку било која институција

ПОНЕСЕТЕ СИ ЧАДОР, ЌЕ ИСТУРА ДОЖД Врнежите ќе почнат од денеска, за викендот пообилно

Препорачани Вести

Кривична пријава против директорка – МВР со детали

2 months ago
Мицкоски: Проблемот не е Уставот, туку нашиот идентитет и јазик

Мицкоски: Испораката на реформите ќе донесе напредок кон ЕУ

2 months ago

Популарни Вести

  • Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приведени малолетници во Тетово – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПЛУСИНФО: ЧЕКОР ПО ЧЕКОР, СЕ РАСПАЃА КОНЦЕПТОТ „НЕМА НЕВИНИ“ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА Швајцарската правна прецизност во случајот „Кран Монтана“ лекција дека до правдата не се доаѓа со „лов на вештерки“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 135,8 милиони денари и стабилен обврзнички пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пресудата против Лиридона Вејсели го ограничува правото на јавноста да биде информирана, укажува ААВМУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.