Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции во регионот, најави Мицкоски

by Уредник
27.02.2025
in Uncategorized

Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму. Ние ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање.

За годинава, напомена, имаме не помалку од 15 инвестиции, но бројот се зголемува.

-Ќе бидете сведоци на објавување камен-темелници и на почнување производства на некои од директните странски инвестиции. Но, да не ги потцениме и домашните инвестиции кои исто така ќе почнат, користејќи го унгарскиот кредит, напомена Мицкоски.

Во однос на турскиот „Казанџи холдинг“, премиерот информира дека не е само оваа компанија заинтересирана за влез во Македонија кога се работи за изградба на когенеративни централи, туку има, како што рече, и неколку други.

-„Казанџи холдинг“ е само една од неколкуте компании што изразија желба да инвестираат. Овие инвестиции за кои ние преговараме се темелат исклучиво на пазарни услови: струјата што ќе се произведува ќе се продава на слободниот пазар, цената на топлинската енергија ќе се регулира со одлука на Регулаторната комисија и ресурсот е на товар на инвеститорот. Нема оваа Влада да каже кој да ја гради, зошто тој, која е причината, кој ќе го прави далноводот,… и по тоа се разликуваме од нашите претхоници, истакна Мицкоски.

Next Post

Дурло му одговори на Сокол: Животот понекогаш е многу поефективен во распределба на правдата отколку било која институција

ПОНЕСЕТЕ СИ ЧАДОР, ЌЕ ИСТУРА ДОЖД Врнежите ќе почнат од денеска, за викендот пообилно

Препорачани Вести

(Фото) Автомобил заврши во жардиниера на скопски булевар

8 months ago

Хаос во Швајцарија: Стотици демонстранти се судрија со полицијата – Ова е причината

5 months ago

Популарни Вести

  • 38% од тинејџерите пробале цигара: Какви забрани воведува новиот закон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата откри оружје и други предмети во викендица – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Посебен режим на сообраќај во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проблеми за Македонија пред клучниот меч утре: Двајца клучни ракометари се под знак прашалник за настап

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историски чекор: Курдите во Сирија добија државјанство и национален јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.