Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

7 работи кои само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат

by
2025/02/27 14:00:43
in Uncategorized
7 работи кои само поголемите браќа и сестри ќе ги разберат

Доколку имате помал брат или помала сестра тогаш имате цело богатство во животот.

Секако, тоа богатство на моменти може да ви оди на нерви, но искрено, сè би дале за вашите помали браќа и сестри.

Постари браќа и сестри обединете се, ова се нештата кои само вие меѓусебно ги разбирате.

1. Го менувате расположението често и ненадејно

Дали страдате од биполарно нарушување? Не, едноставно имате помал брат или сестра. Во еден момент врискате од нервоза бидејќи ништо не им влегува во глава, во наредниот ви доаѓа да ги гушнете бидејќи вистински ги сакате. Како можеше вашата сестра да ви го земе фустанот без да ве праша? Се спремате за војна, но од друга страна не можете да си го замислите животот без неа. Еве сега ви кажува добра случка или проблем со дечкото и вие заборавате за што ѝ се деревте пред малку и се свртувате кон давање совети.

2. Вие мора да бидете кул

И ова може да биде навистина напорно. Вие мора однапред да знаете сè бидејќи го имате веќе искусено и да бидете кул брат/сестра. Вашата желба да им бидете идоли на помалите браќа и сестри е навистина голема.

3. Од вас се бара да бидете брутално искрени

Кој ќе им ја каже болната вистина ако не вие? Затоа ќе мора да ѝ кажете на помалата сестра дека не ѝ се јавува бидејќи не е заинтересиран или на помалиот брат дека не личи на Роналдо па подобро да смисли друга цака за фаќање женски.

4. Од вас се очекува да бидете добар пример

Исцрпувачки! За сè што вашите помали браќа и сестри ќе направат погрешно вие сте ги научиле лошо, но никој не ве фали кога нешто ќе заврши на арно. Вие мора да бидете одговорни и примерни бидејќи тие ве земаат за пример.

5. Не смеете да покажете слабост

Доколку минувате низ тежок период, да речеме семеен проблем кој го делите со вашите браќа и сестри, вие мора да бидете похрабри бидејќи сте постари. И вам ви е тешко, само немате право да го покажете тоа. Вие секогаш мора да давате утеха и да воспоставувате баланс.

6. Секогаш мора да попуштате

Попаметниот попушта, па така „Попушти, постар/а си“ сте го слушнале и сами не знаете колку пати.

7. Уживате да се фалите со вашето искуство

Што им оди на нерви на помалите. „Ех, кога бев на твои години“… или „Сум минал/а низ тоа уште кога ти беше бебе“. Ваквите паметни испади често се игнорирани бидејќи звучат многу самобендисано.

Next Post

Сиљановска Давкова за резолуцијата на САД во ОН: Добро постапивме

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

Препорачани Вести

Трамп воведе царини и на земја за која никогаш не слушнал: Луѓето во оваа земја заработуваат 250 денари дневно

Трамп воведе царини и на земја за која никогаш не слушнал: Луѓето во оваа земја заработуваат 250 денари дневно

9 months ago
МВР: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

МВР: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

10 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.