Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот

by Уредник
27.02.2025
in Uncategorized

 40 продавачи на возилата за чистење на БРАКО од целиот свет денеска во кругот на фабриката во Велес го тестираа новото електрично возило за чистење Грин Машинс кое влегува на пазарот, откако доби меѓународна сертификација од ТУВ Германија. 

Грин Машинс 720 ZE e целосно нова машина развиена во последните две години во БРАКО во Велес, од тим составен од врвни домашни инженери.

Покрај вградената технологија од последната генерација, најважна предност на новата електрична метларка е што има зголемен капацитет на контејнерот, но притоа е внимавано тежината на возилото да не надмине 3 и пол тона, за да може да се управува со Б категорија, а што е олеснувачко за комуналните претпријатија и општините кои денес тешко можат да најдат возачи со Ц категорија. Од таа причина се очекува овој модел да биде најбаран во својата категорија на светскиот пазар. 

Свиперот работи на електричен погон, со вградени мотори во задните тркала и управување на сите четири тркала, вртење практично во место погодно за тесни улички во градските јадра, воден облак за спречување на прашина при метењето, миење под притисок, дополнителен страничен усисувач, стаклен под за подобра прегледност на полето на чистење и 360⁰ камера.

Грин Машинс на БРАКО продава возила за чистење на електричен, водороден и класичен погон во 50 држави во светот.

Next Post

Тони Коњановски со нов парк и инфраструктурни проекти ја унапредува Битола

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 27.02.2025

Препорачани Вести

Русија најави одговор на “Златната купола” на Трамп

Русија најави одговор на “Златната купола” на Трамп

8 months ago

МАН со реакција за односот на СДСМ кон медиумите

3 weeks ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.