Connect with us

Република

Без струја утре ќе бидел дел од Тетово

Published

on

Во следните денови во Тетово ќе има планирани прекини на електричната енергија:

• На 28 февруари 2025 од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе остане дел од градот Тетово, во населбата Станбена.

• На 3 март 2025 од 09:00 до 14:30 часот, струја ќе нема во објектот на Македонски шуми (Шумско).

• На 4 март 2025 од 09:00 до 14:30 часот, ќе има прекин на улица 142 во Тетово.

Прекините се поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Република

Општина Битола со силна финансиска поддршка за граѓанските организации и спортот во 2025 година

Published

on

Согласно записникот од седницата на Комисијата за финансии и буџет на Советот на општина Битола одржана на ден 01.04.2025 година, Општина Битола, ги објавува резултатите од објавените јавни повици за:

• Јавен повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2025 година

• Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани/фондации кои работат во областа на еднаквите можности за 2025 година

• Јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и индивидуални спортисти за 2025 година

Резултатите од наведените јавни повици, може да ги видите на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2025/04/Rezultati.pdf.

Continue Reading

Република

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер е почувствуван во северниот дел на Грција, во близина на местото Куфалиа, соопшти ЕМСЦ.

Според информациите, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а бил почувствуван во југоисточниот дел на Македонија, во Дојран и Гевгелија.

Continue Reading

Република

Битола објави повик за поврат на средства за инвертер клими

Published

on

Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените финансиски средства за инвертер клима уреди набавени во периодот од денот на објавувањето на овој Јавен повик.

Средствата што ќе ги надоместува Oпштина Битола се во вредност од 50% од вкупната цена на чинење на уредот но не повеќе од 25.000,00 денари.

Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола и истиот ќе се спроведи електронски преку следниот линк www.subvencii-bitola.com.

Услов за учество на Јавниот повик е барателот и членовите на неговото потесно семејство со иста адреса на живеење по лична карта да немаат искористено субвенција за набавка на инвертер клима уреди од претходни јавни повици спроведени од Општина Битола во последните 5 години.

Право на учество на овој Јавен повик имаат сите заинтересирани физички лица – жители на Општина Битола кои имаат набавено инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата од 23.04.2025 година до 29.04.2025 година и кои ги исполнуваат условите дадени во јавниот повик.
Електронското аплицирање започнува од 30.04.2025 година од 08:00 часот до 06.05.2025 година 15:30 часот. На јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се се’ уште во фаза на изградба.

Бројот на добитници е ограничен до висина на определениот износ од Програмата за животна средина на Општина Битола за 2025 година од 3.000.000,00 (три милиони) денари вклучувајќи го и персоналниот данок на личен доход од 11,111%.

Повеќе информации за повикот и потребната документација, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/klimi-2025/.

Дополнително, ќе биде објавено и видео упатство за поедноставување на процесот на аплицирање на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк