Connect with us

Свет

БЛИСКИТЕ ВРСКИ НА РУСИЈА И КИНА СЕ ПРОБЛЕМ ЗА САД Ако Москва стане „помлад партнер“ на Пекинг, двете нуклеарни сили ќе ѝ се спротистават на Америка

Не знам дали некогаш целосно ќе успееме да ја одделиме Русија од Кинезите, но ако Кина и Русија останат во цврста прегратка, тоа нема да биде добро за глобалната стабилност, бидејќи двете се нуклеарни сили, вели државниот секретар на САД Марко Рубио.

Кога Русија зависи од Кина тоа е проблем за САД, вклучително и во областа на нуклеарната безбедност, затоа Вашингтон сака да ги подобри односите со Москва, изјави државниот секретар на САД Марко Рубио во интервју за Бреитбарт њус.

Рубио на тој начин го објасни приближувањето меѓу двете, доскоро скарани, супересили.

Рубио и новата администрација во Вашингтон сметаат дека односите меѓу Русија и Кина не треба да бидат толку блиски. САД треба да спречат нивно понатамошно приближување, но без да се предизвика раздор меѓу соседите што поседуваат нуклеарно оружје.

– Не знам дали некогаш целосно ќе успееме да ја одделиме Русија од Кинезите. Исто така, мислам дека ако Кина и Русија останат во цврста прегратка, тоа нема да биде добро за глобалната стабилност, бидејќи двете се нуклеарни сили. Потесните врски меѓу Кина и Русија ќе претставуваат проблем за Вашингтон, доколку Москва стане „постојан помлад партнер“ на Пекинг, бидејќи тогаш двете нуклеарни сили би се спротивставиле на САД. Можеме да се најдеме во ситуација кога, без разлика дали Русија сака да ги подобри односите со САД или не, таа нема да може да го стори тоа, бидејќи, откако ние ја отсековме, станала целосно зависна од Кинезите. За нас е подобро да имаме односи со Русија – појасни Рубио.

Неочекуваното приближување на Трамп со Русија меѓу кинеските експерти предизвика загриженост дека Вашингтон ја прифатил стратегијата „Никсон наопаку“, изјави за Фајненшл тајмс Џа Јан Чон, доцент по политички науки на Националниот универзитет во Сингапур. Ова се однесува на одлуката на американскиот претседател Ричард Никсон од почетокот на 1970-тите години за обнова на односите со Кина, со цел да изврши притисок врз нивниот заеднички ривал – Советскиот Сојуз. Овој пат, идејата е да се ослаби самата Кина, со нејзина „разделба“ од Русија.

Томас Грем, поранешен виш директор за Русија во Советот за национална безбедност на САД, смета дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп веројатно нема да успее да ја поткопа долгорочната стратегија на Москва за зајакнување на партнерството со Пекинг.

– Си Џинпинг и Путин постојано разговараат. Тие се најдобри пријатели. Идејата дека ако им ја дадеме Украина на Русите и сè друго што тие сакаат во Европа, тие потоа ќе кажат: „Размисливме и одлучивме дека не ни се допаѓаат Кинезите толку многу, ги прекинуваме врските со нив“, е чиста заблуда – изјави Грем.

Advertisement

Свет

Лавров: Русија ќе ги смета странските војници во Украина за легитимни цели

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти кои учествуваат во конфликтот во Украина. Тој посочи дека околу 100 британски војници се вклучени во борбени операции против руските сили.

„По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие вистината. Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британскиот воен персонал и специјални сили во војната против Русија“, рече Лавров за време на тркалезна маса посветена на украинското решение.

Британското Министерство за одбрана потврди дека британски војник загинал во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските сили. Според весникот „Сан“, покрај британскиот војник, во несреќата загинале и најмалку четворица украински војници.

Лавров додаде дека Москва ќе извлече сите потребни заклучоци од, како што го нарече, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

Continue Reading

Свет

Руте: Европа мора да се подготви, Русија може да биде следната закана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди сојузниците дека Русија би можела да претставува непосредна закана и дека Европа мора да биде подготвена за конфликт. Тој истакна дека многу земји членки на алијансата не покажуваат чувство на итност и треба брзо да ги зголемат трошоците и производството за одбрана.

„Ние сме следната цел на Русија. Премногу од сојузниците се тивко самозадоволни и веруваат дека времето е на наша страна. Но, времето за дејствување е сега“, рече Руте во Берлин.

Тој додаде дека конфликтот е на прагот на Европа и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во наредните пет години.

Руте повика на засилување на одбранбените напори за да се спречи „војна од една генерација“, потенцирајќи дека сојузниците мора да делуваат веднаш за да обезбедат безбедност во регионот.

Continue Reading

Свет

ЕУ со нов чекор: Рускиот капитал ќе остане замрзнат

Земјите членки на Европската Унија постигнаа начелен договор за замрзнување на руските средства на неопределено време, што се смета за клучен исчекор кон усвојување на планот за нивно користење за финансирање на т.н. заем за репарации за Украина.

Формалната одлука треба да биде донесена утре на состанокот на Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки – Корепер. Одлуката ќе се темели на член 122 од Договорот за функционирање на ЕУ, кој овозможува носење одлуки со квалификувано мнозинство во услови на „економска итност“, наместо со едногласност.

Досега продолжувањето на мерката се вршеше на секои шест месеци и исклучиво со консензус. Новото решение го елиминира ризикот некоја држава во иднина да стави вето на понатамошно замрзнување на средствата. Дополнително, ова се оценува како клучен чекор за да се спречи враќање на руските средства доколку санкциите кон Москва некогаш бидат укинати – прашање што особено ја загрижуваше Белгија, една од најголемите сопировки на планот за користење на замрзнатите средства за Украина.

Овој договор доаѓа само еден ден по изјавата на белгискиот премиер Барт де Вевер, кој ја доведе во прашање правната основа за трајно замрзнување на капиталот врз основа на член 122, оценувајќи дека „вонредната состојба“ која ја предвидува овој член не се однесува на земја што не е членка на ЕУ.

Според моменталните најави, Белгија утре најверојатно ќе биде воздржана, а Унгарија и Словачка ќе гласаат против. Сепак, квалификуваното мнозинство за усвојување на предлогот ќе биде обезбедено.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг