Connect with us

Македонија

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Published

on

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања ги коментираше своите посети на Вашингтон и Минхенската конференција. Тој истакна дека во периодот се остварени низа контакти и тие контакти ќе се продлабочуваат, а Македонија мора да го фати чекорот со промените кои се случуваат во светот. Тој посебно се осврна на Минхенската безбедносна конференција и говорот на американскиот потпретседател Венс, за кој оцени дека е историски.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања ги коментираше своите посети на Вашингтон и Минхенската конференција. Тој истакна дека во периодот се остварени низа контакти и тие контакти ќе се продлабочуваат, а Македонија мора да го фати чекорот со промените кои се случуваат во светот. Тој посебно се осврна на Минхенската безбедносна конференција и говорот на американскиот потпретседател Венс, за кој оцени дека е историски.

-Според мене, говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс беше инспиративен историски говор. Сакале ние да признаеме или не, тој говор, а и настаните кои следат, ќе го сменат светот. Дали на некој тоа му се допаѓа или не му се допаѓа, дали тие промени ќе бидат по теркот на очекувањата на поединци или не, не знам, но останува фактот дека светот менува. Новата американска администрација е предводник на тие промени. Наеднаш немаме офанзивна реторика во светот, без разлика дали станува збор за Украина, Израел, Газа, Блискиот Исток, други конфликти, гледаме дека реториката која сите сега ја прифаќаат и која е предвесник на тие промени, е мир. Така не беше до пред неколку месеци, рече Мицкоски и посочи дека предолго време светот е заложник на двојни стандарди и на правилото големите прават што можат, а малите што мораат бидејќи долго време поединци беа безгласни и молчеливи, чекајќи милост.

Мицкоски истакна дека потпретседателот Венс на Минхенската конференција на многу едноставен начин кажа дека не можеме да зборуваме за заеднички споделени вредности кога има двојни стандарди.

-Нас ни е потребно еднаш за секогаш да се соочиме за вистината и со реалноста, да најдеме решение и да одиме напред. Тоа беше главната порака која ја кажа и според мене, оваа година Минхенската конференција беше токму таква. Понатаму да зборуваме отворено, следниот ден присуствував на обраќањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој многу точно и прецизно рече, “да формираме заеднички безбедносни воени сили кои што ќе ја штитат границата на источното крило на Европа“. Не слушнав некој од публиката да рече ние даваме 10 илјадни војници. Никој не рече, ниту пак тие што претходниот ден негодуваа на реториката на потпретседателот Венс. Ниту пак кога зборувавме за обединување на Европа, не слушнав некој да рече во ред Европа ги отвора вратите. Не мора ние Македонија, еве ние имаме билатерални проблеми, еве на Украина да ѝ речеа повелете дојдете ве примаме сега во моментот, рече Мицкоски и дополни: „светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот со тоа како малку броен народ“.

Македонија

Детална временска прогноза за викендов: Ќе се изненадите какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд!

Published

on

За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

И во Скопје и околината за најголемиот Христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, суво, топло и претежно сончево. Утре (19 април Велика сабота) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до близу 30 степени. Во Скопје температурата очечувам да се искачи до околу 27 степени.

Уживајте во преубавото време за наголемиот Христијански празник Велигден, и нека е за многу години. И секако, искористете го максимално претежно сончевото време.

Метео Аларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во клубот “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.

Како што се наведува во соопштението, замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

Освен ова, се додава, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега било на лекување.

-Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, стои во соопштението од Кочанското Јавно обвинителство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица.

Извор: Курир

Continue Reading

Македонија

Огромни колони на „Богородица“ за влез во Грција – еве што се случува во моментов таму

Published

on

Голем метеж на „Богородица“ – патниците чекаат и до 40 минути за влез во Грција

Продолжениот викенд и Велигденските празници создадоа вистинска гужва на граничниот премин „Богородица“, каде што денеска се формираа долги колони од возила. Голем број граѓани решија да ги искористат неработните денови за краток одмор во Грција, што предизвика зголемена фреквенција и подолго чекање на граница.

Иако официјалните податоци на АМСМ наведуваат дека времето на чекање на „Богородица“ и „Дојран“ се движи од 10 до 15 минути, патници кои се на терен пријавуваат дека реалното задржување на „Богородица“ надминува и 40 минути.

Од АМСМ утрово информираа дека на „Табановце“, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува 20 до 30 минути, што дополнително ја потврдува зголемената сообраќајна активност на граничните премини.

Главната причина за метежот е продолжениот викенд, бидејќи понеделник е неработен ден. Граѓаните очигледно го искористија празничниот период за кратко патување и релаксација надвор од државата, со што се создадоа застои кои не беа целосно очекувани според официјалните прогнози.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк