Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ова се трите најбаксузни хороскопски знаци

by Уредник
27.02.2025
in Uncategorized
Ова се трите најбаксузни хороскопски знаци

Ова се три хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде таква судбина:

Дознајте дали вашиот знак е еден од трите хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде таква судбина.

На сите нас во некои периоди од животот ни изгледа како да сме родени баксузни. А колку навистина има вистина во тоа и зошто е тоа така, ни открива хороскопот.

Ова се три хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле за да ги снајде таква судбина:

ДЕВИЦА

Девиците се вешти во решавање на туѓите проблеми и советување, но не умеат да си помогнат самите на себе. Кога се нервозни тие „манијачки” чистат, па животниот простор им е толку стерилен, што гостите се чувствуваат по малку непријатно, напнато, неудобно. Тие се зависни од контрола и се склони се’ уредно во животот да спакуваат во фиоки, да етикетираат, сортираат и кога нешто ќе тргне наопаку – паничат. Нив животот константно непријатно ги изненадува. Таман средиле се’, а на тепихот ќе се истури чаша со вино… Целиот живот им е „исправање на криви дрини”, па често се прашуваат што му згрешиле на животот за да ги снајде таква судбина.

ВАГА

Она што Вагите најмногу ги нервира е неправдата. Ја воочуваат насекаде околу себе, а честопати ја чувствуваат и на своја кожа и секогаш постои нешто што им го нарушува мирот и среќата. Тие спаѓаат во оние луѓе кои прво ќе речат нешто, а потоа размислуваат со денови како можеле да постапат и што би било кога би било… Сакаат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен, па никогаш несе помируваат со знаците на стареење. Тоа за нив една од најголемите неправди во светот. Исклучително сакаат да си играат детективи, да разоткриваат измами, да демаскираат лажговци и измамници, само проблемот е во тоа што се’ сфаќаат премногу лично. За нив и самиот факт што постојат лоши луѓе е лична навреда. Себе си се сметаат за сочувствителни луѓе, но големо е прашањето колку се воопшто во состојба да излезат од својот свет и да ги погледнат работите поинаку.

РИБИ

Рибите се сами за себе проклетство. Тие се во слаба врска со реалноста, па секогаш упаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо. Тие во својата глава имаат зацртано како треба да изгледа нивниот живот и како треба да функционира совршениот свет. Но, во тоа реалноста секогаш им се спротиставува. Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава, секогаш ќе се обидат на сила да го довлечат проблемот на своја територија, во свој свет во кој владеат поразлични закони на физика, математика, духовност… Ова е особено изразено кога се под дејство на алкохол или се понесени од емоциите

Next Post
Мицкоски: Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции

Мицкоски: Ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции

Се гордеам со мојот кабинет полн со жени – истакна Димитриевска-Кочовска

Препорачани Вести

МВР во мобилизација на сите потенцијали за успешно спроведување на безбеден сообраќај

12 months ago
Откриени нови резерви на природен гас

Откриени нови резерви на природен гас

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.