Connect with us

Република

СКОРО 2 ТОНА ПИЛЕШКО МЕСО ОДИ НА УНИШТУВАЊЕ Транспортирано било во несоодветни услови

Published

on

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

„Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото –  ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот“, се вели во соопштението.

Како што веќе објавивме, во близина на селото Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово, а кое било полно со прехранбени производи без документација, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација. Возилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот“, наведено е во соопштението.

Република

Коњановски: Новата улица во Битола ќе донесе подобра инфраструктура и услови за развој на стопанството

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со заменикот градоначалник Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, изврши теренски увид на градежните активности за изградба на улицата СТУ 3 во поранешната касарна – населба АРМ.

Проектот опфаќа изградба на фекална канализација во должина од 404,8 метри и атмосферска канализација од 601,74 метри, со вкупна вредност од 7,5 милиони денари. Работите ги изведува КЈП „Нискоградба“, а според планот, ќе траат 40 работни дена. Во наредната фаза ќе се поставува и нова водоводна инсталација од 398 метри, со вредност од 2 милиони денари, за што ќе биде надлежно ЈП „Водовод“.

Новопроектираната улица ќе ги поврзе „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“ и ќе биде долга 421 метар, со повеќе од 100 нови паркинг места. Целокупната инвестиција за инфраструктурата изнесува речиси 20 милиони денари.

Градоначалникот Коњановски истакна дека со овој зафат значително ќе се подобрат условите за живот на жителите и ќе се овозможи подобар пристап до деловните субјекти во реонот. Меѓу нив е и ИТ-компанијата X3M Labs, која беше посетена од општинската делегација. Компанијата вработува 50 лица и се занимава со развој на софтверски решенија за веб и мобилни апликации, како и со аутсорсинг и ИТ консалтинг за клиенти од Европа и САД.

Од компанијата упатија благодарност до општината за инфраструктурната поддршка, која, како што посочија, е клучна за нивниот понатамошен развој.

Continue Reading

Република

Вработување во Тетово: Плата до 110.000,00 денари

Published

on

АК-ИНВЕСТ има потреба од

ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ
1(ЕДЕН) ЗА ВИСОКА ГРАДБА И 1( ЕДЕН) ЗА НИСКА ГРАДБА – ФАЗА ИЗВЕДБА

Опис на работното место

  • Одговорен за успешно и квалитетно известување на објектите и врши непосредна контрола врз изградба на објектите;
  • Следење, реализација, проверка на количините на материјалите и потврда за нивната веродостојност вградена во месечните, годишните, збирните ситуации за извршените работи;
  • Грижа за навремено водење на градежните книги, дневници,МАФ-ови, времени ситуации и слично;
  • Правење спецификација на потребните материјали за работа согласно Предмет пресметка и Динамички план;
  • Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба;
  • Навремено обезбедување на потребните ресурси ( работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања.

Потребни квалификации

  • ВСС, соодветно високо образование ( Градежен факултет);
  • Минимум 3 (ТРИ) години работно искуство во областа;
  • Познавање на MS Office пакетот, AUTOCAD и интернет;
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач.
  • Минимум Б овластување фаза изведба, предност ќе имаат кандидатите што имаат А овластување

Професионални знаења и способности

  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
  • Одлични организациски вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови;
  • Работа на повеќе проекти истовремено во Нашата држава.

Задолжително познавање на Македонски Јазик и елементарно познавање на Англиски јазик е неопходно

Плата до 110.000,00 денари во завиност од ЦВ-то , Работното искуство и овластувањата што ги има

Сите заинтересирани може да аплицираат тука

Continue Reading

Република

Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина

Published

on

Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код. Треба да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, а ослободени од наплата се жителите на селата, сопствениците на приватни имоти, како и правните лица регистрирани на територијата на НП Шар Планина.

-Со праќање на СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. Стратешките заложби на ЈУ Национален парк Шар Планина се насочени кон тоа на посетителите кои не оставаат еколошки отпечаток да не им се наплатува влез во Националниот парк, се вели во денешното соопштение на НП Шар Планина.

Граѓаните може да платат со праќање на порака (СМС) од нивниот телефон со категорија на возилото и број на регистрација на телефонскиот број 144 – 555 или да скенирајте QR код, да изберат категорија на возило и да внесат податоци.За мотоцикли и автомобили надоместокот изнесува 150 денари, додека 250 денари за комбе и минибус до 20 седишта. Автобусите и тешките товарни возила ќе треба да плаќаат по 450 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк