Connect with us

Економија

Стентон Градба – Симбол на квалитет и современ живот

Published

on

Стентон Градба е компанија со визија, иновација и беспрекорен квалитет во градежништвото. Со долгогодишно искуство и врвни стандарди, создаваме домови што нудат удобност, естетика и сигурност.

Нашите проекти, како Marble Residence, претставуваат совршен спој на модерен дизајн, функционалност и врвна изработка. Ние веруваме дека домот е повеќе од простор – тоа е место каде што се создаваат спомени, растат семејства и се живее со стил.

Изберете Стентон Градба – каде што секоја градба е симбол на доверба и квалитет!

📩 Контактирајте нè:

📧 marbleresidence@stenton.mk

☎️ (+389) 78 481 024

Економија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО БИЗНИСМЕНИ ОД ДУБАИ И ОД ШАРЏА Се разговараше за инвестиции, трехнологија и трговија

Published

on

Како што најави владината прес-служба, владиниот тим ќе престојува во ОАЕ до четврток, а предвидени се средби и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ, со претставници на развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, и на неколку стопански комори

Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на официјалниот посета на Обединетите Арапски Емирати денеска имаше средба со претседателите и раководствата на стопанските комори на Дубаи и на Шарџа.

Како што објави на социјалните мрежи Мицкоски, на средбата со раководниот тим на комората на Дубаи, разговарал за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во делот на трговијата, инвестициите и технолошкиот развој.

„Имавме можност да размениме идеи за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали кои ги нудат нашите земји“, напиша Мицкоски.

За средбата во Стопанската комора на Шарџа, премиерот напиша дека средбата остави простор за натамошна соработка и нови заеднички чекори.

„Разговорот беше насочен кон создавање мостови на соработка помеѓу нашите економии, размена на добри практики и идентификување на можности за заеднички инвестиции и поддршка на приватниот сектор. Ваквите средби се клучни за зајакнување на билатералните односи и отворање нови перспективи за бизнис заедницата“, напиша Мицкоски.

Како што најави владината прес-служба, владиниот тим ќе престојува во ОАЕ до четврток, а предвидени се средби и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ, со претставници на развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ државната енергетска компанија, и на неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.

Во состав на делегацијата се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции.

Мицкоски, вчера, на првиот ден од посетата, се сретна со претседателот на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.

Continue Reading

Економија

СЕ НОСИ НОВ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА Новините што ги носи овозможуваат финансиски бенефит од 8,5 милиони евра

Published

on

Законот е во целосна согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и европскиот Зелен договор, а со неговото усвојување Македонија ќе се приклучи на пазарот на електрична енергија на ЕУ и пазарот „ден однапред“.

Собраниската Комисија за европски прашања го прифати Предлогот на новиот Закон за енергетика со што започнува процесот на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката.

Заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, истакна дека неговото донесување претставува суштински чекор во модернизацијата, либерализацијата и зголемувањето на одржливоста на енергетскиот сектор во земјата. Како што посочи, транспонирањето на директивите и регулативите од европскиот пакет за „чиста енергија“ ќе овозможи неколку клучни придобивки:

  • либерален, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, кој значи поголем избор, поквалитетни услуги и пофер цени за потрошувачите;
  • можност за промена на снабдувач без административни или финансиски пречки;
  • воведување паметни броила и подобра информираност на потрошувачите;
  • поддршка за нови концепти како потрошувачки-производители, енергетски заедници и активно управување со побарувачката.

Овој процес претставува дел од пошироките реформски приоритети на државата – зајакнување на институциите, енергетска безбедност, зелена транзиција, социјална праведност и подготовка за членство во Европската Унија.

– Транспонирањето на Четвртиот енергетски пакет носи повеќе бенефити. За стопанството тоа значи поголема конкурентност на пазарот, пониски цени на електричната енергија преку зголемена пазарна ликвидност и пристап до нови извори на снабдување. За граѓаните, ова значи поголема заштита на потрошувачите, можност за пофлексибилни тарифни модели и поголема транспарентност на пазарот. Дополнително, отвора простор за повеќе инвестиции во капацитети за складирање енергија, што е клучно за стабилноста на системот со оглед на растот на обновливите извори – вели министерката Сања Божиновска.

Законот е во целосна согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и европскиот Зелен договор, а со неговото усвојување Македонија ќе се приклучи на пазарот на електрична енергија на ЕУ и пазарот „ден однапред“.

Според процените, успешно спроведување на овие чекори може да донесе финансиски бенефити од 6,4 до 8,5 милиони евра

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини особено ја нагласува и важноста од преносот на МЕПСО под своја надлежност, со цел поефикасно и стручнo управување со клучната инфраструктура за пренос на електрична енергија.

Министерството останува посветено на градењето на сигурен, ефикасен и модерен енергетски систем, во корист на сите граѓани и во целосна согласност со европските стандарди.

Continue Reading

Економија

Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили

Published

on

На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили.

Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 1 отсто. Во Шангај, пак, тие благо паднаа. Меѓу најголемите добитници утрово беа акциите на производителите на автомобили, бидејќи Трамп вчера рече дека може да ги прилагоди царините од 25 отсто за увоз на автомобили и автоделови од Канада, Мексико и други делови од светот.

Пазарите се поддржани и од вчерашниот пораст на берзанските индекси на Волстрит, откако Трамп привремено ги ослободи паметните телефони, компјутерите и некои други технолошки производи од царини за увоз од Кина. Индексот Доу Џоунс зајакна 0,78 отсто, додека СиП 500 порасна за 0,79 отсто, а Насдак индексот за 0,64 отсто.

Сепак, неизвесноста околу тарифите ги држи инвеститорите претпазливи. Дотолку повеќе што продолжува царинската војна меѓу САД и Кина, што ќе им наштети на двете економии. Прашање е само до кој степен. „Периодот на несигурност продолжува. Во ова опкружување, потрошувачите, извршните директори и инвеститорите тешко можат да планираат долгорочно“, вели Џед Елербрук, портфолио менаџер во Argent Capital Advisors.

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 99,65 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 99,70 поени. Курсот на американската валута во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 143,00 на 143,05 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото падна на 1,1355 долари, додека вчера во ова време беше 1,1375 долари. Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,31 отсто, на 65,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,39 отсто, на 61,75 долари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк