Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Десет компании со фиктивни измами “лапнале“ 4 милијарди денари од буџетот

by
2025/02/28 13:20:18
in Uncategorized

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега се предадени на Јавното обвинителство и на Финансиската полиција, кои треба да постапуваат. – Нашата работа е завршена, а сега се на потег истражните органи – рече Петрова на брифингот со новинарите.

Таа нагласи и дека секојдневно се решава и проблемот за повратот на ДДВ на фирмите кои при крајот на минатата година се пожалија дека со месеци чекаат поврат на данокот. Директорката Петрова рече дека случаите секојдневно ги расчистуваат и дека сега има многу поригорозна контрола од порано, за повторно да не се случат шеми во кои со фиктивни фактури е баран поврат на ДДВ и е оштетен буџетот. Од СДСМ обвинија дека Петрова ја лаже јавноста и дека повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци и сметаат дека то ае поради притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење

Десет компании со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи износи како поврат на ДДВ од буџетот во вкупен износ од 4 милијарди денари, соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Таа истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега се предадени на Јавното обвинителство и на Финансиската полиција кои треба да постапуваат.

– НАШАТА РАБОТА Е ЗАВРШЕНА, А СЕГА СЕ НА ПОТЕГ ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ – РЕЧЕ ПЕТРОВА НА БРИФИНГОТ СО НОВИНАРИТЕ.

Што се однесува до повратот на ДДВ преку „МојДДВ“, Петровска, потенцира дека нема застој и досега на сметките на граѓаните кои скенираат фискални сметки се уплатени 170 милиони денари.

– НЕКОИ ГРАЃАНИ ИМАА НЕАЖУРИРАНИ ПОДАТОЦИ, ДРУГИ, ПАК, ГИ ЗГАСНАЛЕ СВОИТЕ СМЕТКИ. ЗАТОА, ТРЕБАШЕ ВРЕМЕ ДА СЕ НАПРАВИ ТОЧНА И ТЕМЕЛНА ПРОВЕРКА – ОБЈАСНИ ПЕТРОВА.

Исто така, таа нагласи и дека секојдневно се решава и проблемот за повратот на ДДВ на фирмите кои при крајот на минатата година се пожалија дека со месеци чекаат поврат на данокот. Директорката Петрова рече дека случаите секојдневно ги расчистуваат и дека сега има многу поригорозна контрола од порано, за повторно да не се случат шеми во кои со фиктивни фактури е баран поврат на ДДВ и е оштетен буџетот.

Од СДСМ обвинија дека Петрова ја лаже јавноста и дека повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци и сметаат дека то ае поради притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење.

– СДСМ ПОВЕЌЕ ПАТИ АПЕЛИРАШЕ ДЕКА ОВА Е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ И ДО НАС СТИГААТ СЕКОЈДНЕВНИ ПОПЛАКИ ОД КОМПАНИИТЕ. НАМЕСТО ДА ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ И УЈП ДА БИДЕ ВИСТИНСКИ ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ, ТИЕ МИСЛАТ ДЕКА ПРЕКУ ЛАГИ МОЖЕ ДА ГО ПОКРИЈАТ СВОЈОТ НЕУСПЕХ И ПОГРЕШНИ СТРАТЕГИИ – СЕ ВЕЛИ ВО СООПШТЕНИЕТО НА СДСМ.

По основ на поврат на ДДВ заклучно со 2024 година беа доспеани 35,6 милијарди денари (речиси 579 милиони евра), а реализирано е плаќање од 34,4 милијарди денари (околу 559 милиони евра). Петрова нагласи дека повратот на ДДВ е жива материја и секој ден едни износи доспеваат, други се враќаат, но се прават максимални напори за парите да стигнат во стопанството.

– ПОСТОЈАНО СЕ СОБИРААТ ПОДАТОЦИТЕ, НЕКАДЕ ИМА ИСПРАВКИ И СЕТО ТОА БАРА ВРЕМЕ И КОНТРОЛА – РЕЧЕ ПЕТРОВА.

Директорката Петрова рече дека е има мало потфрлање кај данокот на доход од игрите на среќа и дивидендите.

– Има две ставки каде што има помала наплата и тоа кај данокот на приход од игри на среќа и кај данокот на доход од исплатата на дивидендите. Тоа се должи на некакви тенденции на однесување на даночните обврзници и треба да почекаме. Генерално, главна компонента на данокот на личен доход е данокот на исплати на плати и тука е подобра наплатата во однос на истиот период минатата година – рече Петрова.

Нова услуга на УЈП – електронско уверение за состојба на остварен доход

Уверение за состојба на остварен доход по електронски пат е новата услуга на УЈП. Овој документот е потребен за остварување на стипендија, за засновање на работен однос, за социјална помош, за прием во социјална установа, па дури и кога се работи за усвојување на дете. Досега овој документ се добиваше на шалтерите на УЈП за 2 часа. Од УЈП велат дека на годишно ниво се издаваат   околу 30.000 уверенија и за тоа се трошеа 62.000 работни часа годишно на околу триесетина вработени во Управата.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, дополни и дека ова електронско уверение ќе го прифаќаат и банките при одобрување на кредит, бидејќи институцијата е надлежна за прибирање на сите податоци за платите и другите примања, не само на вработените, туку и на хонорарците и фриленсерите.

Next Post

Трамп сакал да ја откаже посетата на Зеленски, интервенирал Макрон?

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 28.02.2025

Препорачани Вести

Македонија го задржа 65-тото место на ФИФА ранг-листата

1 month ago

Кренар Лога се повлекува од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

1 month ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.