Connect with us

Македонија

Ердоган: Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопјe

Потпишувањето на политичката декларација за основање на совет за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Македонија е многу значаен чекор со кој ние можеме да ги подигнеме на уште повисоко ниво односите меѓу нашите две земји во трговијата и економијата…Се надевам дека ќе присуствувам на првата седница на советот што ќе се одржи во Скоје, истакна претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на декларацијата.

Ердоган изрази задоволство што е домаќин на премиерот Мицкоски и неговата делегација во Истанбул, истакна дека целта на документот е трговската размена која минатата година достигна околу една милијарда евра, да биде во ист сооднос меѓу двете земји.

-„Минатата годна ние имавме околу една милијарда долари трговска размена и мислам дека во првата прилика мораме да ја донесеме двострано. Помеѓу двете земји постои Спогодба за слободна трговија која треба повторно да се ревидира. Денеска посебно се осврнавме и на односите кои што ги имаме во воената област и во сферата на одбранбената индустрија. Турција е една од првите земји која што ја призна независноста на Македонија. Како наш соработник во НАТО, ние сме две пријателски земји кои директно влијаат врз зачувувањето на мирот на Балканот. Нашите односи над 30 години се цврсти како што е цврст и Камениот мост во Скопје“, рече Ердоган.

Турскиот претседател ја истакна и важноста на турската заедница во Македонија за одржувањето на блиски односи меѓу двете држави.

„Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција помеѓу народите. Напротив, треба да биде поле за заедничка соработка и за развој. Најзначајното нешто што ги врзува двете земји се Турците коишто живеат и нивната заедница во Македонија. Тие порано од Анадолија мигрирале и дошле во СМ на таа географија и формирале свои културни темели коишто не врзуваат“, рече Ердоган.

Како што наведе, му напоменал на премирот во нивните разговори дека „ова наше пријателство е под притисок на FETО и ние мораме да се бориме заеднички против нив“, мислејќи на движењето на сега починатиот исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој почина во добровеолен егзил во САД, а кое беше обвинето за обид за воспоставување „држава во држава“ и за неиуспениот воен преврат во јули 2016 година, кое Анкара го стави на листата територистички организации.

Двајцата се осврнале и размениле мислења за регионалните и глобалните геостратешки прашања како што е конфликтот во Украина и во Газа.

За Турција, како што рече Ердоган, клучно е конфликтот во Украина да се реши по пат на разговори. За ситуацијата во Палестина нагласи дека двете земји споделуваат ист став, а тоа е преку формирање на две држави.

Advertisement

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг