Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари

by Уредник
28.02.2025
in Uncategorized
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски повика да има што повеќе квалитетни Албанци во јавната администрација, но, рече, проблем денес е да се најдат такви, без разлика на нивната етничка припадност, што ќе работат за плата од 25 илјади.

-Јавно повикувам да има што повеќе апликанти Албанци, што повеќе апликанти Турци, Роми, Власи, Срби Бошњаци, да влезат во јавната администрација. И не сум заробеник на проценти. Само да има квалитетни кои се мотивирани да работат, веднаш, утре да почнат да работат. Не се пријавуваат, нема интерес. Никој нема да дојде за 25 илјади денари плата… Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, не сакаат бидејќи имаат подобра и подобро платена работа. Еве, јас би сакал сега во мојот кабинет да дојдат за таа плата што ја има, сѐ Албанци да бидат. Нема. Не се заинтересирани, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи и на пратеничката Рина Ајдари од ДУИ која праша дали се усогласени владините партнери за вработувања по етнички клуч во јавната администрација.

Мицкоски рече дека на државата и се потребни стручни и квалитетни луѓе, но тоа да не бидат вработени кои не оделе на работа, а добивале плата, како во Лотарија чиј директор, рече, е во бегство.

-Никој нема да дојде за 25 илјади денари и знаете зошто? Затоа што еден друг бегалец, кој е на црната листа, мислеше дека оваа држава е негова своина и си играше фудбалчиња, па по малку си работеше во Лотарија, па по малку си изнајмуваше простории кои ги натплаќаше десет пати повеќе од пазарната сума, па малку повеќе си купуваше објекти во центарот на Скопје, туристички агенции за неговото семејство итн. итн. И така се празнеше и се цицаше државниот буџет којшто сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања за да можеме да бидеме атрактивни како сектор и да има повеќе Албанци кои ќе доаѓаат на работа, кои ќе бидат мотивирани и ќе сакаат да работат и коишто ќе придонесуваат за нашата заедничка унитарна држава. Но, не на принципот на Лотарија каде што имало десетици, да не речам стотици кои земале плата, а не иделе на работа, па самите си отидоа. И можам такви примери да ви редам илјадници, рече Мицкоски одговарајќи и на пратеничката од ДУИ.

Соопшти дека рамката на идниот закон „кој ќе обезбеди вистинска правична застапеност во администрацијата“ е готова уште пред Нова година и дека решението ќе биде уставно и нема да биде предмет за политичка дебата и собирање политички поени.

За да не биде како претходниот закон, рече Мицкоски, кој Уставниот суд го укина, „туку да биде во согласност со Уставот за да биде апликативен“. Најави дека законот ќе биде наскоро готов и пред да оди во собраниска процедура ќе биде даден на мислење пред Венецијанската комисија.

Но, се плашам, додаде Мицкоски, „дека најбрилијантниот закон да го донесеме, нема да најдеме Албанец кој ќе работи за плата од 25 илјади денари кога може на слободниот пазар барем двапати повеќе да добие“.

Мицкоски порача за државата да оди напред „работите треба да ги гледаме државнички“, затоа што „ако секој етникум се заврти кон себе и работите ги гледа низ својата оптика како му одговара, тогаш еден ден можеби повеќе нема да зборуваме за унитарна држава“.

Next Post
Статистиките на Македонија во сериозен пад: Намален бројот на новороденчиња, намален бројот на бракови, но зголемен бројот на разводи

Статистиките на Македонија во сериозен пад: Намален бројот на новороденчиња, намален бројот на бракови, но зголемен бројот на разводи

ЕВЕ ШТО СЕ ГЛЕДА НА СНИМКИТЕ за бегството на Груби

ЕВЕ ШТО СЕ ГЛЕДА НА СНИМКИТЕ за бегството на Груби

Препорачани Вести

ДУИ продолжува да молчи: За каква пазарна цена беше избришана дијаспората од пописот?

7 months ago
Трамп упати остра критика до Нетанјаху: “Згрозен сум од сликите на гладни жени и деца”

Трамп упати остра критика до Нетанјаху: “Згрозен сум од сликите на гладни жени и деца”

6 months ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.