Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

НЕКА СЕ ВРАТИ КОГА ЌЕ БИДЕ СПРЕМЕН ЗА МИР! Трамп е бесен

by Уредник
28.02.2025
in Uncategorized

Трамп му порача на Зеленски „да направи договор или ќе излеземе“, игнорирајќи ги барањата на Зеленски за американски безбедносни гаранции за мир во Украина како дел од договорот. Зеленски набрзина го напушти западното крило на Белата куќа влегувајќи во црно теренско возило.

„Тој може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Вака објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“ откако имаше тензичен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На состанокот Зеленски размени нервозни изјави и обвинувања со Трамп и со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.

Зеленски набрзина го напушти западното крило на Белата куќа влегувајќи во црно теренско возило. Планираната прес-конференција со двајцата претседатели е откажана.

За време на состанокот на којшто требаше да биде потпишан договорот за користење на ретки минерални богатства на Украина, Трамп го обвини Зеленски дека се коцка со Третата светска војна и дека не е благодарен за досегашната американска помош во војната.

Трамп му порача на Зеленски „да направи договор или ќе излеземе“, игнорирајќи ги барањата на Зеленски за американски безбедносни гаранции за мир во Украина како дел од договорот.

Договорот за минерали не беше потпишан.

Зеленски сепак ќе даде интервју за „Фокс Њуз“ иако набрзина замина од Белата куќа, дознава Би-Би-Си.

По состанокот Трамп на својата социјална мрежа напиша:

„Денеска имавме многу значаен состанок во Белата куќа. Станаа јасни многу работи што никогаш не би можеле да бидат  сфатени да не летаа искри и да немаше притисок. Неверојатно е она што излегува на површината кога има емоции, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Но, јас не сакам предност, сакам МИР. Тој не ги испочитува Соединетите Американски Држави во прочуената Овална канцеларија. (Зеленски) може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Next Post

Полициска акција во Тетово: Апсење во центарот на градот!

На мостот кај Башино Село во Велес, ќе се дозволи движење по една лента во средината

На мостот кај Башино Село во Велес, ќе се дозволи движење по една лента во средината

Препорачани Вести

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

Неуспешен обид за апсење на Додик, вечерва напнато во Источно Сараево

9 months ago

Ристовски за МИА: Не можеме да креираме спортски резулти, но може да создадеме подобри услови за спортистите што создаваат успеси

1 month ago

Популарни Вести

  • Запалени шишиња фрлени кон куќа во Скопје, спречена поголема трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Жителите на Киев објавуваат фотографии од замрзнати станови и импровизирани начини за греење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американски воени авиони забележани во близина на иранскиот воздушен простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД со јасна порака до Иран пред заедничката воена вежба со Русија и Кина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.