Connect with us

Свет

Ризикувате Трета светска војна – Жестока дебата за време на средбата помеѓу Трамп и Зеленски

Published

on

Тензичната средба во Овалната соба меѓу Зеленски со Трамп и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс. Венс го обвини Зеленски за „непочитување“, додека Трамп потоа му рече на украинскиот лидер „дека се коцка со Третата светска војна“.

ТОА ШТО ГО ПРАВИШ Е НАВРЕДЛИВО ЗА ОВАА ДРЖАВА, ОВАА ДРЖАВА КОЈА ШТО ТЕ ПОДДРЖА МНОГУ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО НЕКОИ СМЕТАА ДЕКА Е ПОТРЕБНО, ГО ПРЕДУПРЕДИ ТРАМП.

Одговорот на Зеленски дека има голема почит кон САД беше прекинат од Венс кој му забележа дека ниту еднаш за време на средбата не изразил благодарност.

ЈА ПОСЕТИВТЕ ПЕНСИЛВАНИЈА ВО ОКТОМВРИ, КАДЕ ШТО УЧЕСТВУВАВТЕ ВО КАМПАЊАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА. ИЗУСТЕТЕ БАРЕМ ЕДЕН ЗБОР ЗА БЛАГОДАРНОСТ КОН ЗЕМЈАТА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОЈ СЕ ОБИДУВА ДА ЈА СПАСИ ВАШАТА ЗЕМЈА, ОСТРО МУ ПОРАЧА ВЕНС.

Претседателот Зеленски на тоа одговори со прашање за потпретседателот Венс, дали бил во Украина за да ги види проблемите на земјата, на што Венс одговори прочитал за тоа и го видел.

Зеленски одмавна со главата и одговори дека и САД на крајот ќе ги почувствуваат последиците од војната.

Оваа реплика на Зеленски го разлути Трамп.

НЕ НИ КАЖУВАЈТЕ ШТО ЌЕ ЧУВСТВУВАМЕ. ВИЕ НЕ СТЕ ВО ПОЗИЦИЈА ДА ДИКТИРАТЕ ШТО ЌЕ ЧУВСТВУВАМЕ. ЌЕ СЕ ЧУВСТВУВАМЕ МНОГУ ДОБРО И ЌЕ БИДЕМЕ МНОГУ СИЛНИ, МУ РЕЧЕ ТРАМП.

Изјавите за медиуми завршија со тоа што Трамп му кажа на Зеленски дека не е „многу благодарен“ и дека „ова ќе направи одлична гледаност на  телевизија“.

Свет

Украина изврши масовен напад врз Русија

Published

on

Во текот на ноќта меѓу 28 и 29 април, руските противвоздушни сили успеале да уништат 40 украински беспилотни летала од типот „авиони“. Во периодот од 20 часот на 28 април до 6 часот наутро на 29 април, според московско време, системите за противвоздушна одбрана собориле вкупно 91 украински дрон, од кои дури 40 биле над областа Курск, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што се наведува во официјалното соопштение, токму во таа ноќ дежурните сили успешно ги пресретнале и уништиле сите дронови, покажувајќи високо ниво на подготвеност и прецизност.

Министерството не открива колку беспилотни летала вкупно биле лансирани од украинска страна, ниту дали некои од нив предизвикале материјална штета.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека украинските сили биле целосно протерани од Курската област уште пред повеќе од осум месеци.

Continue Reading

Свет

Ова ќе биде најтешкиот предизвик и најголемиот проблем за Зеленски од почетокот на војната

Published

on

Остапувањето на територии што се под контрола на Русија би можело да предизвика сериозни внатрешни конфликти во Украина, оцени украинскиот политиколог Константин Бондаренко во емисија на телевизискиот канал „Политека“.

Според него, прашањето за границите ќе претставува најголем предизвик за украинското раководство во контекст на мировно решение.

– Доколку следниот претседател потпише мировен договор со кој се признаваат новите граници, верувам дека тоа би можело да предизвика многу сериозни внатрешни потреси – вклучувајќи бунтови и судири меѓу регионите и политичките партии – изјави Бондаренко.

Претходно, „Волстрит Журнал“, повикувајќи се на извори, објави дека САД му порачале на Киев дека очекуваат сериозни отстапки, меѓу кои и откажување од членството во НАТО, како предуслов за завршување на војната. Вашингтон, наводно, е подготвен да го признае Крим како дел од Русија, а како компромис предложил контролата врз Запорошката нуклеарна електрана (ЗНПП) да ја преземат САД.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, во март во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека клучната тема во преговорите останува меѓународното признавање на новите руски региони, вклучително и прашањето „дали Володимир Зеленски политички може да преживее ако ги признае“.

Уште во февруари, поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, предупреди дека секој што ќе потпише договор со кој се откажува од територии „може да биде убиен – политички или физички“.

Самиот украински претседател, Володимир Зеленски, во интервју со британскиот новинар Пирс Морган, призна дека Украина не може да ги врати сите територии изгубени во борбите, објаснувајќи дека „не може да загуби милиони луѓе за исход што можеби никогаш нема да дојде“.

Continue Reading

Свет

Светот во страв откако помошникот на Путин ги откри неговите тајни планови: Дали ова ќе биде следната мета на Русија?

Published

on

Огромното мнозинство од жителите на Одеса немаат никаква врска со киевскиот режим, изјави помошникот на претседателот на Русија и претседател на Морската колегија, Николај Патрушев.

– Нашата земја ја почитува волјата на народот. Тоа се гледа преку примерот со приклучувањето на Крим, Севастопол, Донбас и Новорусија кон составот на Русија – одговори тој на прашањето од руските новинари дали Русија полага право на украинските пристаништа и дали планира тоа прашање да го отвори во процесот на решавање на конфликтот.

Патрушев нагласи дека „жителите на украинските региони, вклучувајќи ги и областите покрај Црното Море, самите треба да одлучат за својата иднина“.

– Тешко дека тие ја врзуваат својата судбина со неонацизмот. Тие не сакаат беспрекорно да се покоруваат на нелегитимната власт во Киев. Сметам дека Одеса и огромното мнозинство од нејзините жители немаат ништо заедничко со киевскиот режим – убеден е помошникот на претседателот на Руската Федерација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк