Connect with us

Република

ДЕНЕС Е ЛЕТНИК – МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ПРАЗНИК

🟨 Се празнува на 1 март (14 март по нов календар) навестувајќи ја пролетта преку враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија.

🟨 Во народните верувања е празник за почеток на пролета, односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи.

🔎 Преродбеникот Панајот Ѓиноски од Галичник, за Летник запишал:

❇️Летник го наречуваме првиот ден од треќи месец – од мартов месец. Во цела година се зноет за четири годишни времиња… А март је најпрви месец пролетен. Затеа нашите стари најпрвиот ден од месецот пролетен го нарекле летник, односно пролетник. Тој не је црковен, туку природен празник. Природата која зиме била спала и огрдела, одтуе од овја ден зафаќат кроце по кроце да се разбудуват и разубавуват.
Вечерта спроти Летник, жените им клавает на децата млници-низалчиња кои што и носит од Летник до Ѓурѓовден. Млници наречуваме низалче од неколку старицела-стребрени пари и жлтици, нанижани на еден конец бел и ленен, а другиот конец је од црвена коприна. Двата конци усукани се заедно и сторен је еден конец црвено-бел. Млниците и носит за здравје. Млница имат значение по самото име за млн`а (млња – молња) за да и’ не удирила рофија (гром) пред лето. Кога излагает и израстувает пролетни нови коприни, децата велит: „На сува дрва и камење нека одит треска и огон, а на мене нека доет здравје и весеље!”.

❇️Во Дебарца (Охридско) мартинките се правеле од бела и црна волна, но само од волна што била оскубана од овците. За таа цел волна се собирала по смреките, плотовите, јаслите и други места каде што минувале или престојувале овците.

❇️Во Охрид се верувало дека мартинките ги штителе да не ги касаат змиите кога оделе во полето. Мартинките се сучеле мижејќи „за да бидат како слепи змијте и да не и вижџет љуѓето, ко ќе минет покрај ними“.

❇️Во Охрид, Дебрца и Голо Грдо рано утрото на овој ден сите домашни излегувале во дворот и се враќале со со гранки, трески, љуштенки и сл. и ги ставале во огнот, за како што тој се силел, да се силеле и пилињата, да се ваделе сите јајца под квачката.

❇️Во Дебарца сè што се зело на заем, се враќало на Летник зашто се верувало дека ако останел долг на овој ден, ќе се должело цела година.

❇️Во Голо Брдо по станувањето наутро гледале да видат птица за да бидат лесни во работата, а во џебот држеле некаква сребрена пара за преку целата година да имаат пари во џебовите. И христијаните и муслиманите сучеле црвен и црн конец за одбрана од вопер (вампир) држејќи ги рацете одназад. Потоа го зашивале овој конец на клашеникот одзади, а го симнувале на Ѓурѓовден и го обесувале на трендафил.

❇️Во дебарското село Битуше спроти Летник во секој дом се подготвувало сито во кое се ставале бела погача, три дренови гранчиња и златна паричка. Сребрената пара била врзана за врвка од бел и црвен конец, што се носел околу вратот како ѓердан или околу раката како белезгија.
На картата е обележано во кои региони се празнува Летник, односно каде е најсилен култот кон овој празник.

Advertisement

Македонија

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа во рамки на истрага за корупција

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е приведен во рамки на истрага што ја водат надлежните институции, а која се однесува на сомневања за коруптивни дејствија, информираат извори блиски до истрагата.

Според досегашните информации, приведувањето е извршено по наредба на обвинителството, кое спроведува предистражна постапка за наводни злоупотреби поврзани со вршењето на јавната функција. Деталите за случајот засега не се целосно соопштени, со оглед на чувствителноста на истрагата.

Од надлежните институции потврдуваат дека се преземаат повеќе истражни дејствија, вклучително и прибирање документација и испитување на лица, со цел целосно расветлување на настаните. Стафа, како и сите лица опфатени со постапката, ужива претпоставка на невиност до правосилна судска одлука.

Се очекува обвинителството во наредните денови да излезе со официјални информации за предметот, откако ќе завршат првичните истражни активности.

Continue Reading

Република

ВИДЕО: Битола секоја година се поубаво украсена

Битола повторно ја облече новогодишната светлина и ја отвори вратата за празничната магија што ја прави препознатлива. Улиците, плоштадите и сцените каде што и оваа година ќе се одвива „Зимската приказна“ засветкаа во празничен сјај, носејќи радост и топла атмосфера за граѓаните и посетителите.

Новогодишното украсување донесе свежа енергија и чувство на празнична возбуда низ целиот град, создавајќи амбиент кој секоја година изгледа сè поубаво и повпечатливо. Битола и овој декември е подготвена да ги пречека гостите со светлина, музика и празничен дух.

Со видео ви пренесуваме дел од атмосферата од градот под Пелистер, кој е подготвен за уште едно ново издание на предновогодишната програма „Зимска приказна“, на радост на сите генерации.

Continue Reading

Република

„Шпанец“ се враќа на пругите: Модернизиран и подготвен за патници

Легендарниот воз „Шпанец“, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на пругите со целосно нов лик. Денес беше тестирана обновената верзија на возот, кој сега располага со модерен дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Одговорните најавуваат дека подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, со цел патниците да уживаат во современо и безбедно патување.

Следуваат уште новости за враќањето на овој легендарен воз – останете со нас за сите детали.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг