Connect with us

Економија

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален на 58,2% од БДП, Владата води внимателна финансиска политика

Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, намален јавнииот долг

1 март 2025, Скопје – Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и таа заложба се покажа преку намалување на државниот долг, а соодветно на тоа и на јавниот долг, ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која соопшти дека нивото на јавниот долг на крајот на 2024 година изнесуваше 61,9% и дека тој на крајот на јануари изнесува 58,2% од БДП.

„Тоа се должи на раздолжувањето на еврообврзницата со заемот којшто го зедовме и со кој направивме годишна заштеда од 15 милиони евра, односно за двете транши 30 милиони евра. Тоа ја покажува нашата заложба која е во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и верувам дека до крајот на годината многу ќе внимаваме“, рече министерката во гостување во Дневникот на ТВ Сител. 

Таа додаде дека и Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, која беше во земјава во изминатиот период, ги нотирала напорите кои ги вложува Владата со цел да се контролираат трошоците, иако констатирала дека Владата има наследено многу проблеми од претходно, потврдени со тоа што Македонија е единствена земја во регионот која не успеала да се консолидира во однос на буџетскиот дефицит и јавниот долг. 

Во врска со прашањето за растот на минималната плата рече дека решениеето што ќе го договарат работниците и работодавачите за раст на минималната плата кое ќе се темели на продуктивноста и исплата на договорениот износ согласно законските обврски Владата  ќе го поздрави и ќе го почитува.

„На изборите пред нецела година настапивме со изборна програма во која ги кажавме нашите ставови во однос на даночните стапки и придонеси и по тоа прашање нема да има промена.Како ќе се договорат меѓусебе работниците и работодавачите во рамки на Економско социјалниот совет, каде има претставници и од едните и од другите, ние како држава ќе го прифатиме тоа што ќе се договорат.  Платата треба да биде заснована на продуктивност  и доколку одговара тој износ што го договараат ние апсолутно ќе го поздравиме тоа. Односно, доколку смета едната страна дека може да испорача продуктивност на она што ќе го договорат како минимална плата и другата страна дека ќе може да го исплати согласно законските обврски кои никогаш не сме рекле дека ќе ги менуваме, тоа ќе го поздравиме и ќе продолжиме да го почитуваме, рече министерката за финансии и додаде дека во администрацијата многу мал дел од вработените е врзан со минимална плата, најголем процент е над износот на минималната плата. 

Во однос на пензиите, наведе дека пензионерите со пензиите што ќе бидат исплатени на 1 април ќе го добијат зголемувањето од 2.500 денари што беше ветено и дека со тоа се исправа една неправда којашто беше направена со политиките што се спроведуваа во претходниот период, а потоа ќе се врати старата методлогија, бидејќи, како што рече, во овој момент нема измени на Законот за да кажам дека ќе ја менуваме. 

 

Во однос на мерките кои Владата ги презеде за сузбивање на инфалцијата, наведе дека очекува да дадат ефект на краток рок и оти се подготвуваат некои решенија во делот на земјоделството кои треба да имаат влијание на долг рок. 

За случајот со пратеничката Славјанка Петровска, повтори дека тој е затворен и оти во конкретната ситуација немало навреда.

 

Економија

Бакарот и златото достигнаа историски високи цени

Цените на бакарот достигнаа историски рекорд на светските пазари. Во петокот, металот се тргуваше над 11.700 долари за тон, откако „Сити“ ја зголеми својата целна цена поради ограничената понуда. Иако во изминатата недела цената благо се намали, бакарот останува близу највисоките нивоа досега.

Покрај тоа, златото продолжува да ја привлекува вниманието на централните банки. Оваа година, златото за прв пат од 1996 година сочинува поголем дел од резервите на централните банки отколку американските државни обврзници. Од 2010 до 2021 година, централните банки купуваа просечно 473 тони злато годишно, додека во 2022 година набавките достигнаа рекордни 1.136 тони, а минатата година 1.045 тони.

Continue Reading

Економија

Кинескиот канал Солун–Дунав повторно актуелен: Македонија би била клучна транзитна точка

Кина повторно го разгледува амбициозниот план за изградба на воден канал кој би го поврзал Егејското Море со Дунав преку реките Вардар и Морава – проект што би можел драматично да го скрати транспортот на стоки од Азија кон Европа за околу 1.000 километри. Иницијативата, вредна околу 17 милијарди долари, се разгледува како дел од глобалната стратегија „Еден појас, еден пат“, пишува N1 БиХ.

Каналот би минувал низ Грција, Македонија, Косово и Србија, што го прави регионален проект од извонредно геостратешко значење. Воедно, завршувањето на ваквиот воден пат би претставувало силен удар за Турција, бидејќи голем дел од меѓународниот транспорт би се одвивал надвор од Босфорот и Дарданелите.

Според досегашните студии што ги изработи China Gezhouba Group, проектот е технички изводлив. Предложениот коридор би го поврзал Солун со Дунав преку Вардар и Морава, со потреба од значителни градежни интервенции, продлабочување на коритата и отворање нови канали, вклучително и делници во региони како Прешевската Долина.

Клучни аспекти на проектот:

Стратешка вредност: Каналот би овозможил алтернативен европски воден пат, со значително намалени трошоци и време на транспорт. Инфраструктура: Бара огромни инженерски зафати – проширување на постојните речни корита, нови канали и современи водени патишта. Регионална соработка: Кина води разговори со Србија, Косово, Македонија и Грција, но конечна согласност сè уште нема. Еколошки предизвици: Промените во природните речни текови и потенцијални дислокации на население се меѓу најконтроверзните прашања. Геополитика: Проектот би го зајакнал кинеското влијание на Балканот и би ја намалил улогата на Турција во регионалниот транспорт.

Концептот за водна врска меѓу Дунав и Егејското Море не е нов – идејата постои уште од 19 век. Во 1907 година американска инженерска комисија го разгледувала истиот проект, но војните и политичките кризи во Европа повеќепати го одложуваа.

Денес, Солун се смета за најлогична точка за влез во овој замислен воден коридор кон Централна Европа. Доколку планот се реализира, Грција би добила значајна логистичка предност, а Балканот би станал клучна раскрсница за копнен и воден транспорт меѓу Истокот и Европа.

Разговорите продолжуваат, а судбината на проектот зависи од политичката волја на балканските земји и геополитичката рамнотежа во регионот.

Извор: a1on.mk

Continue Reading

Економија

УЈП изрече забрани за работа на 113 фирми поради неиздавање фискални сметки

Секоја четврта контрола на Управата за јавни приходи открива дека даночните обврзници не издаваат фискални сметки. Од околу 4.000 спроведени контроли, изречени се повеќе од 2.500 казни, а кај 113 правни субјекти е изречена мерка забрана за вршење дејност.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет“, информираат од УЈП.

Инспекциските служби утврдиле и други неправилности, меѓу кои неуплаќање на дневниот промет на банкарска сметка и неводење книга на дневни финансиски извештаи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг