Connect with us

Скопје

Делови од Скопје утре без струја

Published

on

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците од делови од општините Кисела Вода и Чучер Сандево, а без вода дел од улицата „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Таарчев“ крак – 24, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селото Бродец.

Исто така, поради промена на затворач од водоводна мрежа на улицата „Јани Лукровски“ број 10, утре од 08:30 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица.

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер поделија велигденски ручек за социјално загрозените

Published

on

На најголемиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, предводена од отец Оливер, како и со дел од својот тим, организираше и подели велигденски ручек за сограѓаните од социјален ризик. Во духот на празникот, со благослов, љубов и искрена грижа за секого, се испрати порака за хуманост, солидарност и заедништво.

– Христос Воскресе! Сите на овој свет сме со некоја мисија, а мојата е да има што повеќе среќни луѓе. Впрочем, тоа е големината на нашата вера и тоа е она на што нè учи Христос. Велигден е празник над празниците, на победата на животот над смртта, ден на благослов, благодарност, на подадена рака и најрадосен ден. И бидејќи радоста треба да се сподели со сите, денес поделивме велигденски ручек за нашите сограѓани од социјален ризик, а во соработка со хуманитарната организација „Св. Спас” и нејзиниот предводник – мојот драг пријател отец Оливер, како и дел од мојот тим – истакна Ѓорѓиевски, честитајќи го празникот и посакувајќи им на сите неизмерна љубов во семејството, среќа, мир и бериќет.

-Да правиме што повеќе добрини и да не очекуваме ништо за возврат бидејќи Бог ќе нè награди. Да го славиме животот и да сме благодарни за секој нов ден – потенцираше Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Апсења на неколку локации во Скопје, ова се деталите

Published

on

На 20/21.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Џ.(47), П.Р.(32), Е.И.(39), А.И.(36) и И.Џ.(40) сите од Скопје и А.А.(50) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Continue Reading

Скопје

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Published

on

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресение Христово, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, спроведе хуманитарна акција во општината, заедно со свештеникот Отец Оливер, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, претседателката на Советот Светлана Колариќ, Иван Митровски и својот тим.

Тие посетија семејства од социјален ризик и им поделија пакети со основни прехранбени продукти, со цел да им го разубават празникот и да им покажат дека не се сами.

„Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза. Мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка – и во убавите, но и во тешките времиња“, порача Ѓорѓиевски.

Тој изрази голема благодарност до Хуманитарната организација „Свети Спас“ од Драчево и до волонтерите кои, како што рече, од самиот почеток се партнери во сите заеднички хумани мисии.

„Најважно е радоста од Христовото Воскресение да ја споделиме со другите, да си помагаме кога е најтешко и да бидеме заедно – во добро и во зло. Да се стремиме да бидеме подобри луѓе, со добрина и љубов кон секого. Тоа е највозвишената човечка особина. На тоа нè учи Христос“, изјави градоначалникот.

Хуманитарната акција на Ѓорѓиевски е дел од континуираните напори на Општина Кисела Вода да биде со своите граѓани и да им помага, особено на оние на кои им е најпотребно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк