Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Две и пол години нема правда за смртно-прегазената Теодора од Тетово: судскиот процес заплеткан, семејството се сомнева во даден поткуп

by
2025/03/02 15:35:40
in Uncategorized

Ева Ристовска, сестра на Теодора Ристовска која пред две и пол години го загуби животот во сообраќајна несреќа, алармира дека ќе се борат за правдата, за која посочува дека им е одземена. Теодора загина на 22-години. Таа беше прегазена на улицата „Видое Смилески-Бато“ во Тетово.

„Според обдукцискиот наод, мојата сестра се здобила со тешки телесни повреди, а нејзината смрт настанала како резултат на крварење во черепната празнина, што довело до нарушување на витално важен орган и фатален исход. Ова беше признато од страна на судот, а обвинетиот беше осуден на 3 години и 6 месеци затвор од Основниот суд во Тетово. Иако ниедна казна не може да ја надомести загубата на Теодора, барем сметавме дека оваа пресуда беше праведна. По првичната долга пауза помеѓу првото и второто рочиште Судот почна побрзо да ги закажува рочиштата, спротивставувајќи се на обидите на одбраната да ја одолговлекува постапката. Обвинетиот од почеток тврдеше дека не се чувствува виновен, а неговата одбрана најави вештачење за да ја докаже неговата невиност. Но, откако судот ги изведе сите докази, одбраната го повлече барањето за вештачење и се изјасни дека обвинетиот го признава делото“, вели Ристовска, сестра на загинатата Теодора.

Таа додава дека од тука започнува неправдата што денес не остава без одговори.

„ДАТУМИ НА СУДСКИТЕ РОЧИШТА И НЕОБЈАСНИВОТО ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ
• Прво рочиште: 07 јули 2023
• Второ рочиште: 08 ноември 2023 (по 4 месеци пауза!)
• Трето рочиште: 10 ноември 2023
• Четврто рочиште: 27 ноември 2023
• Објава на пресудата: 30 ноември 2023

Судскиот процес се одвиваше со големи временски празнини, особено помеѓу првото и второто рочиште, што укажува на сериозни одолговлекувања во судската постапка“, додава Ристовска.

Обвинетиот се жалел до Апелациониот суд во Гостивар, па така било побарано мислење од Вишото јавно обвинителство. 

„Вишото јавно обвинителство во почетокот поднесе писмен предлог до Апелациониот суд со кој бараше жалбата на обвинетиот да биде одбиена како неоснована. Но, пред самото судење во Апелациониот суд, обвинителството го смени својот став и наместо да се залага за одржување на првичната казна, предложи делумно уважување на жалбата на обвинетиот и изрекување на поблага казна.Како резултат на ова, Апелациониот суд ја намали казната од 3 години и 6 месеци на 2 години затвор, повикувајќи се на олеснителни околности“, додава сестрата на загинатата Теодора.

Тие бараат одговор: „Зошто Вишото јавно обвинителство го смени својот став и наместо да бара потврда на првостепената пресуда, предложи намалување на казната? Зошто ние, како семејство, не бевме известени за судењето во Апелациониот суд? Зошто обвинителството воопшто не поднесе жалба за висината на казната, туку само обвинетиот имаше право на жалба? Дали во текот на процесот имало обид за поткуп?“.

Според нив, обвинетиот не отслужил ниту еден ден од казната.

„Обвинетиот до ден-денес не отслужил ниту еден ден од казната, иако несреќата се случи пред речиси три години. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење. За оваа одлука ние, како семејство, не бевме известени од ниту една институција – дознавме преку медиумите“, додава Ристовска.

Тие бараат правда и транспарентност во процесот.

„По речиси три години правна борба, а со тоа и пролонгирање и нанесување на дополнителна болка на нашето семејство, повторно сме вратени на почеток. Се прашуваме – уште колку треба да чекаме? Уште колку треба да се бориме за нешто што е очигледно? Затоа, јавно ги повикувам сите медиуми да присуствуваат на следното рочиште на 4 март 2025 година во 10:00 часот во Основен суд Тетово за да ни помогнат да се избориме со неправдата“, вели Ристовска.

На крајот посочува:

„Само со јавен притисок можеме да смениме нешто во оваа неправедна Македонија“.

Извор: skopje1.mk

Next Post

Италијанската премиерка Мелони предупредува: Поделбата на Западот е сериозен ризик!

Кои членки на ЕУ и НАТО покрај Македонија не се на самитот во Лондон

Препорачани Вести

Воени трошоци во 2024: Кој троши милијарди – а кој останува зад НАТО штитот?

10 months ago

2.200 војници, тенкови и авиони го претворија Криволак во европска одбранбена арена!

7 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.