Connect with us

Македонија

Самит на високо ниво во Унгарија: Мицкоски и Орбан ќе се сретнат за нови договори и соработка

Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит на 3-4 март 2025 година што ќе се одржи во Република Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан.

Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби помеѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка владина седница помеѓу двете влади.

Во рамки на посетата предвидено е министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешна политика и трговија Петер Сијарто да потпишат Акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика во Будимпешта, стои во соопштението.

По завршување на меѓувладината седница заедничка прес-конференција за медиуми ќе одржат премиерот на македонска Влада Христијан Мицкоски и премиерот на унгарската Влада Виктор Орбан.

 

Македонија

Судот одреди 30 дневен притвор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен во предмет поврзан со обид за поткуп во правосудството.

Според информациите од надлежните институции, Стафа се сомничи дека се обидел да влијае врз судска одлука преку нудење поткуп, што претставува сериозно кривично дело против правдата. Притворот е определен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.

Обвинителството наведува дека истрагата е во тек и дека се прибираат дополнителни докази поврзани со случајот, додека одбраната најави дека ќе ги користи сите законски средства за оспорување на мерката.

Случајот предизвика силен интерес во јавноста, имајќи ја предвид функцијата што Стафа ја извршувал во минатото, а надлежните порачаа дека борбата против корупцијата во правосудниот систем останува еден од приоритетите.

Continue Reading

Македонија

Земјотрес со епицентар во Косово почувствуван и во Македонија

zemjotres

Утрово, точно во 07 часот и 20 минути, сеизмичка активност ја разбуди Република Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес со умерена јачина чиј епицентар потекнува од пограничното подрачје кај Урошевац.

Иако епицентарот е лоциран на 124 километри северно од Скопје, стручните лица забележаа локална магнитуда од ML3.3 според Рихтеровата скала.

Според првичните податоци со кои располага Опсерваторијата, потресот е јасно почувствуван во Скопје и околината, достигнувајќи интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета.

Continue Reading

Македонија

Директно од Скопје до Прага: „Визер“ ја пушта во употреба новата авиолинија

Од денес, на Меѓународниот аеродром Скопје, со свечена промоција, официјално започнува првиот лет на „Визер“ кон Прага, збогатувајќи ја листата на дестинации со уште еден европски бисер.

Оваа долгоочекувана релација е дел од големата експанзија на унгарскиот авио-гигант, која уште во јули ја најави заменик-премиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој тогаш триумфално објави дека е потпишан договор за вкупно пет нови, стратешки важни дестинации од скопскиот аеродром.

Почнувајќи од ноември, Скопје се поврза со Стокхолм и Мадрид, додека декември донесе три дополнителни конекции: Бари, Келн и, секако, денес промовираната Прага.

Важноста на новата линија се потврдува со високиот состав на присутни на денешниот настан. На промоцијата се очекуваат клучни фигури од авијацијата и дипломатијата: генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Визер“ Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска,

Новата директна линија Скопје-Прага не само што ја зајакнува туристичката и економската соработка меѓу двете земји, туку и ја зацврстува позицијата на Скопје како значаен регионален центар за патување.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг