Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Туск: Европа конечно се разбуди – зошто 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси?

by Уредник
03.03.2025
in Uncategorized

Полскиот премиер Доналд Туск денеска, пред да замине на состанокот на европските лидери во Лондон, изјави дека Европа се разбудила и полека сфаќа колкав парадокс е тоа што 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од само 140 милиони Руси.

„Европа се разбуди. Разбудена Европа, Европа која умее да калкулира, која го разбира својот глобален потенцијал, Европа која е сила, нема да биде алтернатива за САД, туку најпосакуван сојузник, рече Туск пред да си замине во Лондон.

Тој остро ги отфрли тврдењата на некои лидери во Европа кои се согласуваат со условите на Русија дека Европа нема шанси и дека Русија е надмоќна.

„Слушнете сами како звучи: 500 милиони Европејци молат 300 милиони Американци да ги одбранат од 140 милиони Руси. Ако умееш да сметаш, сметај на себе. Не изолирано, туку со целосна свест за својот потенцијал. Денес, во Европа, не ни недостасува економска сила, луѓе, туку верување дека сме глобална сила“, рече Туск.

Полскиот премиер рече дека се знае, а и тој знае од сопственото искуство, дека агресор, дури и обичен насилник на игралиштето, не го напаѓа најмалиот и најслабиот, туку тој што се плаши.

„Во Европа има недостиг од идеи дека сме храбри. Европа треба да ја согледа својата сила и јас ќе зборувам за тоа во Лондон“, рече Туск.

Тој презентираше и статистички податоци дека Европа и Украина, кои се на иста страна против руската агресија, имаат 2,6 милиони професионални војници, САД 1,3 милиони, Кина два милиони, а Русија 1,1 милион. Европа и Украина имаат 2.091 борбен авион, САД 1.456, Кина 1.409, Русија само 1.224.

Туск рече дека ќе се залага Полска да помогне да се разбуди таа свест за сила, бидејќи таква разбудена Европа може да гарантира мир, а не да доведе до капитулација на Украина.

Посочи дека ќе ја поддржи иницијативата на италијанската премиерка Џорџа Мелони за организирање самит Европската унија-САД бидејќи се чини дека тoа е многу неопходно.

Но, исто така гласно ќе барам Европа, сите европски земји, да го зајакнат источното крило сега. И тоа ќе биде тест на волјата да има повеќе европски војници во Финска, балтичките земји и во Полска на границата со Русија и Белорусија“, рече Туск.

Полскиот премиер призна дека ситуацијата е посложена по несреќната расправија на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но истакна дека во национален интерес на Полска е да застане на страна на Украина, а истовремено да настојува да го зачува и сојузот со САД. 

Next Post

Збогум на актерот Самоил Стојановски: Театарската сцена загуби голем уметник

МВР: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

МВР: Изминатиот месец 23.844 санкции за возачи, 7.437 возеле побрзо од дозволеното

Препорачани Вести

Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

6 hours ago

ДУИ се распаѓа, Општинскиот Совет Оризаре му се приклучи на Демократското Движење на Изет Меџити

12 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.