Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Вештачкото покачување на минималецот на 500 евра, може да доведе до ново вртоглаво покачување на цените

by Уредник
04.03.2025
in Uncategorized
Вештачкото покачување на минималецот на 500 евра, може да доведе до ново вртоглаво покачување на цените

Предлогот на синдикатите за пораст на минималната плата на 30 илјади денари со откажување од придонесите на зголемената разлика од страна на Владата за аналитичарите е нереален. Тие велат дека синдикатите пред да побараат нешто треба да направат детална анализа како и за колку ќе се оштети државната каса за да се оствари замисленото. Коментираат дека буџетот не е буре без дно и вакви замисли треба да одат рака под рака со детални калкулации.

Поголемото зголемување на минималната плата мора да се одвива паралелно со зголемувањето на продуктивноста. Инвестиции во стручното образование, во модернизација на технологијата, во иновации, вештачка интелигенција се само дел од препораките како да се направи тоа.

Пекевски предлага плаќање по час или таканаречена саатнина за секој да заработи онолку колку што ќе сработи.

Вештачкото зголемување на платите над растот на продуктивноста дополнително ќе ја подгрее инфлацијата. Според дел од аналитичарите, легитимно е работниците да бараат повисоки плати, но треба многу да се внимава на растот на инфлацијата, бидејќи тој потег само ќе ги „изеде“ платите. Токму такви биле и препораките од Меѓународниот монетарен фонд.

Минималната плата сега изнесува 22.567 денари. Таа треба да се усогласи во март и според законските пресметки, зголемувањето би изнесувало околу 1.800 денари или минималецот би се искачил на 24.400 денари…

Извор: Алфа

Next Post
КОНЦЕРТ НА СОЛУНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО СИМОН ТРПЧЕСКИ КАКО СОЛИСТ НА 17 МАЈ ВО СКОПЈЕ

КОНЦЕРТ НА СОЛУНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА СО СИМОН ТРПЧЕСКИ КАКО СОЛИСТ НА 17 МАЈ ВО СКОПЈЕ

288 килограми имал најдебелиот пациент кој се лекувал на Клиниката за ендокринологија во Скопје

288 килограми имал најдебелиот пациент кој се лекувал на Клиниката за ендокринологија во Скопје

Препорачани Вести

Сообраќајна расправија на Бит Пазар прерасна во вооружен инцидент – млад скопјанец ранет со пиштол

6 months ago

Мицкоски: Една година од новиот почеток – ги градиме темелите на промените

7 months ago

Популарни Вести

  • Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    Армијата и полицијата на Венецуела се заколнаа на апсолутна лојалност на Делси Родригез

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Плата за невидливи работници – поранешен градоначалник под истрага за милионска измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шар Планина под висок ризик од лавини: Стручни екипи апелираат на претпазливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.