Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДИРЕКТОРКА ЌЕ РАКОВОДИ СО АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА – во Собранието стаса предлог за раководниот тим на оваа институција

by
2025/03/04 08:52:04
in Uncategorized

Во главното „столче“ на Агенцијата за Администрација ќе седне нов директор, а се знае кој ќе биде и заменик. Оваа институција наскоро со нови раководители. Предлогот на Владата за именување нов директор и негова замена веќе стаса пред народните избраници, кои најверојатно ќе го изгласаат овој предлог. 

Како што се посочува во документот, Владата на седница веќе одлучила да му предложи на Собранието за директор на Агенцијата да ја именува Љубица Караманди Попчевски, доктор на правни науки. Додека Мухамед Красниќи,магистер по правни науки ќе го добие заменичкото место, поточно ќе стане заменик на директорот на Агенцијата за администрација.

Новите раководители на Агенцијата ќе ја имаат задачата да управуваат со оваа институција во следните шест години. 

Согласно податоците кои Владата ги испрати до Собранието, директорката Караманди Попчевски доаѓа од приватниот сектор, но има искуство и во државна администрација. 

Нејзината биографија открива дека до пред назначувањето била вработена во нејзина адвокатска компанија, а до почетокот на 2021 година, почнувајќи од 2018 година работела  во секретаријатот за европски прашања како државен советник. Во периодот од 2017 до август 2018 година работела во Министерството за правда, исто така како државен советник. Претходно била посебен советник на министерот за образование, работела во нотарска канцеларија во Битола, помошник нотар, како и во НВО Центар за развој на медиуми Скопје…

Идната директорка на Агенцијата има докторирано на Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје, каде ја стекнала титулата доктор на правни науки, а има положно и нотарски иправосуден испит.Претходно исто така студирала и на Колеџ на Европа, Натолин, Полска – каде ја добила титулата Магистер по напредни европски интердисциплинарни студии, Европска правна рамка. Пред тоа го завршила Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Македонија, а средно училиште „Warner Robins” во Џорџија, САД.

–  Способна за консултација во врска со македонското право и право на ЕУ и меѓународни прашања, способна за изготвување на правни документи, подготвена за индивидуална како и тимска работа, прилагодлива и одговорна – се меѓу квалификациите на идната директорка. 

Што се однесува пак до нејзиниот заменик, Красниќи е професор со повеќе од 17 години искуство во наставата, управување со проекти и академски развој. Согласно податоците за заменик директорот, тој е експерт во областа на правните науки со фокус на казнените науки, вешт во решавање проблеми и организирање комплексни активности. 

Тој бил професор по правни предмети од 2007 до 2024 година во средното економско и правно училиште на Град Скопје “Арсени Јовков”, како и помошник директор 2021 – 2023 во среднотоекономско и правно училиште на Град Скопје “Арсени Јовков”. Во период од 2021 до 2025 година бил советник во Општина Чаир, во областа на развој на инфраструктурата и урбанистички проекти, поддршка на иницијативи за развој на образованието и културата…

Директорката и заменик директорот за својата работа и за работата на Агенцијата одговараат пред Собранието. Согласно законите директор и заменик директор на Агенцијата може да биде државјанин на Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да нема забрана за вршење на професија, да не е член на органи на политичка партија, да има високо образование од областа нана правото и меѓународно признат сертификат за познавање странски јазик. 

Пред еден месец Владата објави дека бара да се разрешат директорот и заменик директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров и Агрон Сефери, иако имаа уште од своите мандати. Директорот Глигоров беше на оваа позицја назначен во јули 2023 година, додека заменик директорот од јуни 2021 година…

Next Post

ПЕНЗИОНЕРИ СТАНУВААТ ЖРТВИ НА НОВА ИЗМАМА Лажни инспектори ги мамат граѓани, еве како да се заштитите

Средба на Мицкоски и Орбан во Будимпешта, продолжува владиниот самит

Препорачани Вести

Стратешки разговори во Брисел: Николоски бара поддршка за нови инфраструктурни проекти

3 weeks ago

Почина папата Франциск, Ватикан ја потврди веста

8 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.