Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДУИ се заканува со длабока политичка криза, другите партии им порачуваат – не сте во позиција да поставувате услови

by Уредник
04.03.2025
in Uncategorized
ДУИ се заканува со длабока политичка криза, другите партии им порачуваат – не сте во позиција да поставувате услови

Првите партиски функционери од ДУИ синхронизирано ги најавуваат следните потези. Политичките опоненти им возвраќаат – вие немате кредибилитет, има кој да се грижи за правата на Албанците.

Пред два дена, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изнесе сериозни закани предупредувајќи дека нема да има локални избори ако Владата се обиде да го менува или воопшто ако го допре Законот за јазиците.

Потпретседателот Османи вчера во гостување на ТВ21 ја повтори неговата порака и најави длабока политичка криза.

Биљал Касами од коалицијата Вреди денеска им одговори и на двајцата.

Мора тие да расчистат со злоупотреба на позициите кои ги имале 20 години од нивните функционери за да после кажуваат прикаски во делот на заштитата на правата на Албанците. Али Ахмети треба да внимава на следен обид за дестабилизација да не се допрат членовите на неговата фамилија за кои има информации и информации дека противзаконски се збогатиле, ја користеле неговата функција на власт дваесет години за противзаконски да се збогатат, вели Биљал Касами од коалицијата Вреди.

И Социјалдемократскиот сојуз кој до неодамна беше коалициски партнер на ДУИ во Владата, сега ја критикува позицијата на интегративците. Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, вчера кажа дека ДУИ мора да се помири со фактот дека се во опозиција и дека треба да делуваат како опозициска партија, затоа што во моментов не се во состојба да поставуваат услови.

Од ВМРО-ДПМНЕ им порачаа на ДУИ дека за 20 години имале можност многу да направат и веќе не се никаков фактор во државата.

Темата за Законот за употреба на јазиците повторно стана актуелна во пресрет на подготвителната седница на Уставниот суд, која според најавите треба да се одржи во втората половина на март. Се чека советот на Венецијанската комисија за неколку спорни членови од законот.

Next Post
Нови инциденти во Собранието на Србија, активиран противпожарен апарат

Нови инциденти во Собранието на Србија, активиран противпожарен апарат

Кривична пријава против полициски службеници 

Препорачани Вести

Нокаутот на Хрватот го обиколи светот: “Ова ќе добие многу критики” (ВИДЕО)

Нокаутот на Хрватот го обиколи светот: “Ова ќе добие многу критики” (ВИДЕО)

11 months ago
Откриени детали од договорот за крај на војната во Украина – сега се е во рацете на Зеленски?

Откриени детали од договорот за крај на војната во Украина – сега се е во рацете на Зеленски?

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.