Connect with us

Црна Хроника

Кривична пријава против полициски службеници 

policija

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Ј. и Д.Ј., двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1, „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и „спречување на докажување “ по член 368 став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот А.Ј.. – полициски службеник во СВР Куманово, наместо да поднесе кривична пријава против лице од Скопје за кривично дело „фалсификување на исправа“ поради извршена промена на идентификационен број на шасија на патничко возило „бмв“, кое било одземено од полициски службеници на граничен премин Табановце, на 25.12.2024 изготвил потврда за вратени предмети и на лицето од Скопје му го вратил одземеното возило, сообраќајната дозвола и клучот од возилото. На 06.02.2025 првопријавениот сочинил и потпишал известување до ОЈО Куманово, кое го потпишал и одобрил второпријавениот Д.Ј. – началник на првопријавениот, каде доставиле потврда за вратени предмети, во која првопријавениот внел податоци за наведеното возило со променет идентификационен број на шасија и на тој начин овозможиле противправна имотна корист за друг во износ од 7.640 евра или во денарска противвредност од 469.860 денари.

Исто така, на 18.08.2023 првопријавениот доставил известување до ОЈО Куманово, кое го одобрил второпријавениот во својство на началник на Одделението за криминалистичка полиција, а во врска со пријавено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, кое се случило на 15.06.2023 од сторител од Куманово. Имено, при преземање мерки за расчистување на делото била пронајдена една пушка и бил сочинет записник и фото документација. Првопријавениот не известил надлежен јавен обвинител и во наведеното известувањето до ОЈО Куманово не ја доставил пушката, записникот за пронајдени предмети и не побарал наредба од јавниот обвинител за вештачење на пронајденото оружје, со што од страна на ОЈО Куманово овозможил да биде запрено гонењето на сторителот,
односно пријавените службени лица злоупотребувајќи ја својата положба со неизвршување на својата службена должност, спречиле докажување на предметното кривично дело, со што потешко ги повредиле правата на оштетените пријавители на кривично дело „предизвикување општа опасност“.
спречил докажување на предметното кривично дело и ги повредиле правата на оштетените.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат суспендирани од своето работно место до завршување на дисциплинската постапка.

Advertisement

Црна Хроника

Паркинг расправија во скопско заврши со закани со оружје

Вербална расправија за паркинг место во скопското село Петровец прераснала во сериозен инцидент кога 41-годишен жител пријавил дека бил закануван со огнено оружје.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 18 часот, откако по претходно недоразбирање осомничениот најпрво се обидел физички да го нападне пријавителот, а потоа му упатил закани, споменувајќи и огнено оружје.

– Во СВР Скопје беше пријавено дека по расправија околу паркинг простор, едно лице упатило сериозни закани со огнено оружје кон пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Засега не е потврдено дали оружјето било покажано или употребено, а полицијата продолжува со прибирање докази и изјави од вклучените лица. Министерството за внатрешни работи најавува дека по завршувањето на истрагата ќе следи соодветна пријава против осомниченото лице.

Continue Reading

Црна Хроника

Организирана група дрвокрадци разбиена во кумановско-липковскиот регион

При заедничка акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција, Граничната полиција и СВР Куманово, во кумановско-липковскиот регион е разбиена поголема организирана група инволвирана во нелегална сеча и транспорт на огревно дрво во близина на границата со Косово.

Во рамки на акцијата, која се спроведувала неколку дена, одземена е поголема количина огревно дрво од повеќе локации, меѓу кои Злокуќани, Руница, Матејче и месноста Буково кај Белановце. Приведени се неколку косовски државјани, а запленето е и едно ТМВ комбе со фалсификувана документација.

Информацијата ја објави Кире Михаилов, заменик-директор на ЈП „Македонски шуми“, кој соопшти дека против повеќе познати и непознати сторители се поднесени соодветни пријави.

„Во добро координирана акција, со учество на Шумската полиција од Куманово, Граничната полиција РЦ Север и СВР Куманово, беше сузбиена група дрвокрадци која подолг период оперирала во регионот. Одземена е значителна количина дрвни сортименти, а во Матејче е конфискувано и комбе со фалсификувани документи“, наведува Михаилов.

На лице место во Буково приведени се три лица, косовски државјани, кои биле дел од организираната група и истите се изведени пред судија на претходна постапка. Проценките се дека материјалната штета од нелегалната сеча на конфискуваното дрво надминува 300.000 денари, додека вкупната штета што групата ја предизвикала во подолг период се проценува на неколку милиони денари.

Надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе се спроведе и дополнителна истрага за евентуална поврзаност на поединци од шумочуварската служба со оваа организирана група.

Continue Reading

Црна Хроника

Полициска акција во Штип: Лишени од слобода неколку полицајци

Вечерва во Штип се спроведува полициска акција. Според досегашните информации, во акцијата се лишени од слобода неколку полициски службеници.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврдија дека акцијата е во тек. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг