Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Весли Кларк со предупредување: Една изјава за Путин особено загрижува!

by Уредник
04.03.2025
in Uncategorized

Коментарите на Кларк доаѓаат по жестоката средба во Овалната соба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и потпретседателот Џеј Ди Венс.

Поранешниот врховен командант на НАТО, генерал Весли Кларк изјави дека војната во Украина е „далеку од завршена“.

– Војната е далеку од завршена – му рекол Кларк на водителот Крис Стиреволт, пренесува The Hill.

– Тешко е да се погледне Русија низ руски очи. Повеќето од нас гледаат во Русија и велат, економијата е во неволја, војската не напредува брзо, тие трпат големи загуби – рече Кларк, продолжувајќи:

„Но, треба да ја погледнете Русија преку руската историја, руската култура и сегашните механизми. Путин гради воена машина. Рускиот воено-индустриски комплекс работи 24 часа на ден, седум дена во неделата, добива голема поддршка од Кина, Иран и Северна Кореја. Тој сѐ уште не ги искористил сите свои резерви во работна сила. Тој се обидува да победи со минимални трошоци“.

Коментарите на Кларк доаѓаат по жестоката средба во Овалната соба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и потпретседателот Џеј Ди Венс.

По средбата, Трамп на својата платформа „Truth Social“ напиша дека украинскиот претседател „не е подготвен за мир доколку се вклучат САД, бидејќи верува дека нашето учество му дава огромна предност во преговорите“.

Трамп се залага за прекин на војната меѓу Русија и Украина, а минатиот месец американски и руски претставници се сретнаа во Саудиска Арабија.

Поранешниот командант на НАТО Весли Кларк изјави дека Путин сега е „во многу силна преговарачка позиција“.

– Втората работа е Украина. Овој инцидент во Белата куќа доведе до наплив на поддршка за Зеленски и Украина од Европа и народот на Украина. Нема да ја предадат Украина на Русија – заклучи Кларк.

Next Post

Франција се спротивстави: „Парите се на Русија, не е фер да им се земат!“

Драма во Белград: Дојавата за бомба го потресе српското собрание!

Препорачани Вести

Едноставни навики кои можат да помогнат во намалување на холестеролот

Едноставни навики кои можат да помогнат во намалување на холестеролот

2 months ago
Фетаи: ДУИ е скапана партија, што измислува одвратни клевети, но ќе ги искорнеме од државата и ќе им го растуриме криминалниот систем !

Фетаи: ДУИ е скапана партија, што измислува одвратни клевети, но ќе ги искорнеме од државата и ќе им го растуриме криминалниот систем !

6 months ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.