Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Царините и OPEC+ ja симнаа цената на нафтата до 69 долари

by Уредник
05.03.2025
in Uncategorized

Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари на 69 долари, имајќи предвид дека одлуката на водечките производители да ја зголемат понудата се надоврза на стравувањата на инвеститорите дека бранот царини може да ѝ наштети на економијата и побарувачката за енергенси.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше за 1,87 долари пониска од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 69,17 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 2,14 долари пониска цена, по 66,12 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека во вторникот барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки поевинил за 2,6 долари, на 72,38 долари.

На почетокот од седмицата вниманието на пазарот го привлече одлуката на OPEC и нејзините сојузници големи независни производители предводени од Русија познати како групацијата OPEC+ да ја зголемат понудата од април.

Од 2022 година, групата ја намали понудата за 5,86 милиони барели дневно, што е еквивалентно на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка. Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман доброволно ја намалија понудата за 2,2 милиони барели дневно, а во декември одлучија постепено да ги враќаат тие барели на пазарот.

Осумката ќе ги враќаа барелите постепено, од април годинава до октомври следната година, потврдија во понеделникот, откако рокот неколкупати беше одложуван. Тоа би значело, според пресметките на Reuters, дека OPEC+ ќе ја зголеми понудата за 138.000 барели дневно од април.

Најавеното зголемено снабдување следеше по сигналите од Вашингтон за можно олеснување на санкциите кон Русија, што може да значи и зголемен извоз на руската нафта.

Агенцијата Reuters во вторникот објави дека, по привременото запирање на воената помош за Украина, Белата куќа побарала од државните агенции и министерствоо за финансии список на санкциите кои би можеле да бидат ублажени, како дел од подготовките за состанокот меѓу американските и руските претставници.

„Извештаите за американска суспензија на воената помош за Украина се толкуваат како увертира за олеснување на санкциите за руската нафта“, изјави во вторникот Тони Сајкамор од IG.

Одлуката на OPEC+ за зголемување на понудата и шпекулациите за можното олеснување на американските санкции кон Русија ги зголемија стравувањата дека американските царини би можеле да го запрат економскиот раст и побарувачката на енергенси.

„Кина, Канада и Мексико брзо возвратија на американските царини, поттикнувајќи ги стравувањата од забавување на економскиот раст и негативно влијание врз побарувачката на енергија“, објаснува Ешли Келти од „Panmurа Liberum“.

Пекинг и Отава во вторникот воведоа царини за САД, а мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум само најави одговор, без да навлегува во детали.

Во такви услови, падот на залихите на нафта во САД минатата седмица, за 1,46 милиони барели, според извори кои се повикуваат на извештај на здружението на производители API, исчезна во втор план. Аналитичарите очекуваат официјални податоци да бидат објавени подоцна во текот на денот, забележува Reuters.

Next Post
Дневен хороскоп за вторник – 4 март

Дневен хороскоп за четврток - 6 март

Најточниот хороскоп: Ова се најдобрите карактеристики на секој хороскопски знак

Најточниот хороскоп: Ова се најдобрите карактеристики на секој хороскопски знак

Препорачани Вести

Велосипедист тешко повреден во судир со „мерцедес“

7 months ago

Божиновска: „Нема компромиси со законот – безбедноста на рударите е врвен приоритет“

5 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.