Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

И меѓународната заедница разочарана од ДУИ, се мешаат во правосудството, вели премиерот

by Уредник
05.03.2025
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека и странците се разочарани од ДУИ, а политика се води на маса, а не со мешање во правосудството. 

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Бујар Османи од ДУИ директно се меша во правосудството, за што, пак, голема разочараност и незадоволство изразиле и меѓународните претставници.

Тој информира дека утрово разговарал со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски којшто, пак, разговарал со голем дел од претставниците на меѓународната заедница во државата и надвор од неа.

„Дел од нив рекоа дека лично разговарале со ДУИ и дека ова кај нив предизвикало многу негативни емоции и големо разочарување, бидејќи еден од основните постулати во демократијата е немешање во правниот поредок на една суверена демократска држава. Тоа не може да бидат услови и начин за водење политика, политиката се води на маса, се седнува, се разговара и се знае кои демократски услови треба да бидат исполнети за време на еден изборен процес. А сега нешто лично, порака до ДУИ, човекот којшто преговараше и го распродаваше мојот македонскиот идентит и мојот македонски јазик има најмал кредибилитет да зборува затоа што тој ако мене не ме почитува не го почитува ни својот мајчин албански јазик“, вели Мицкоски за Османи. 

ДУИ пред два дена се закани во однос на одржувањето на локалните избори. 

„Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии“, се закани лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Вели дека одржувањето на локалните избори следнава есен е доведено под прашање.

Next Post

Божиновска: Енергетската ефикасност е иднината на Македонија

Загадена минерална вода од Косово, инспекциите реагираа навреме!

Препорачани Вести

Објавена имотната состојба на грчките политичари: Од премиерот до лидерите на партиите

4 months ago

СНЕЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа од вторник, температурите уште ќе опаѓаат

12 months ago

Популарни Вести

  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.