Connect with us

Црна Хроника

Опожарени две возила кај „Охис“, скопските пожарникари интервенирале на уште неколку пожари

Денеска е пријавен пожар на две патнички моторни возила близу фабриката Охис, на што интервенирала Противпожарната бригада на Град Скопје. За среќа, нема повредени.

„Во 13:20 часот добивме пријава за пожар на два автомобили, ‘рено кангу’ и ‘БМВ’, на главниот влез пред фабриката Охис. Интервениравме со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Интервенцијата заврши во 14:10 часот. Пожарот започнал на автомобилот ‘рено кангу’, каде што при движење истекувал бензин од резервоар, што предизвикало пожар и на второто возило“, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој додаде дека од пожарот настанала материјална штета на двете возила.

Истовремено, денеска имало уште две интервенции на опожарени патнички возила. Едната била на булеварот Св. Кирил и Методиј, каде што изгорело возило „матиз“, додека другото возило било опожарено на територијата на Општина Чаир.

Дополнително, интервенирано е и на опожарена куќа во село Буковиќ, како и на резервоари на бензинска пумпа во општина Бутел.

Пожарникарите интервенирале и на три опожарени контејнери за смет, сопственост на ЈП Комунална хигиена, а имало и повеќе интервенции на отворен простор од село Мирковци до аеродромот кај Петровец, каде што се интервенирало на сува трева и грмушки.

Advertisement

Црна Хроника

Уапсен млад човек од Тетовски по агресивно однесување кон полицијата

На 12.12.2025 година во 23:45 часот полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Рогачево на локален пат за с. Јажинце, тетовско го лишиле од слобода Б.М.(25) од с. Јажинце кој се движел со патничко моторно возило ,,хундаи” со тетовски регистерски ознаки. Откако на лицето му бил констатиран сообраќаен прекршок истиот агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

ВИДЕО: Тепачка во училишниот двор во Сарај – Дел од учениците снимаат со телефони

Вознемирувачко видео од групна тепачка на ученици во училишниот двор на основното училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај се шири на социјалните мрежи. На снимката се гледа како неколку ученици се пресметуваат со боксови и клоци, додека околу нив стојат други деца кои не интервенираат туку снимаат со мобилни телефони.

Се уште не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот. Случајот ја поттикнува потребата за поголема контрола и превенција на насилството меѓу учениците.

Видеото може да го погледнете на Слободен Печат

Continue Reading

Црна Хроника

Шест лица приведени кај Прилеп, откриени пушки при полициска контрола

Шест лица се приведени во прилепско поради сомнение за „незаконит лов“, откако полициски службеници на 11 декември околу 15:30 часот извршиле контрола на патот Витолиште–Прилеп, на местото викано паркинг Штавица.

Приведени се С.А. (46), Х.Ј.Ј. (48), П.Т. (46) и 16-годишник – сите со шведско државјанство, како и Д.М. (76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп. Сите се сомничат за кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“.

При преглед на возило „мерцедес“ со шведски регистарски таблички, управувано од С.А., полицијата пронашла шест ловечки пушки и пакување со свежо месо исечено на парчиња.

Приведените се задржани во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг