Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Париз демантира: Макрон не патува во Вашингтон!

by Уредник
05.03.2025
in Uncategorized

Елисејската палата денеска соопшти дека не е планирано ново патување на францускиот претседател Емануел Макрон во Вашингтон заедно со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова ја демантираше изјавата на портпаролката на француската влада Софи Примус, која претходно денеска најави дека се разгледува посетата на Макрон на Вашингтон заедно со Стармер и Зеленски, објави Фигаро.

Примус не го прецизираше датумот на патувањето, но рече дека тоа треба да биде „наскоро“.

Предвидено е Макрон да има јавно обраќање вечерва пред самитот во четврток во Брисел, кој ќе биде посветен на европската одбрана.

На 28 февруари, Зеленски се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа. За време на разговорот, во присуство на новинари, дојде до расправија, при што Трамп му кажа на Зеленски дека не ги почитува САД, а потпретседателот Џеј-Ди Венс истакна дека Зеленски заборавил да му се заблагодари на Вашингтон за поддршката за Киев. Прес-конференцијата по нивната средба беше откажана, а потпишувањето на договорот за ретки минерали меѓу Украина и САД не се одржа. Трамп потоа објави на својата социјална мрежа Трут Сошл дека Зеленски покажал непочитување и неподготвеност да го реши украинскиот конфликт по мирен пат. Макрон го посети Вашингтон на 24 февруари кога со Трамп разговараше за решавање на украинскиот конфликт.

Next Post

Орце Ѓорѓиевски со нова мерка: Финансиска поддршка за пензионерите во Кисела Вода!

И меѓународната заедница разочарана од ДУИ, се мешаат во правосудството, вели премиерот

Препорачани Вести

Консумирањето на оваа намирница го намалува ризикот за развој на деменција

Консумирањето на оваа намирница го намалува ризикот за развој на деменција

8 months ago
Земјотрес почувствуван во Македонија

Уште еден земјотрес во Македонија денес

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.