Connect with us

Економија

Пејчева, Агриа: Добрата производствена и хигиенска практика се клучни за безбеден и врвен производ

Добрата производствена и добрата хигиенска практика се клучни мерки за безбеден и врвен производ. Ова вклучува серија на заштитни мерки, како хигиена на персонал, хигиена на површини што доаѓаат во контакт со храна, чистење, миење и дезинфекција, спречување на вкрстена контаминација, контрола на суровина, зачини и пакувања, складирање и транспорт, следливост на производи и ред други мерки, вели Наташа Пејчева, дипломиран технолог и раководител на погон за преработка која веќе 11 години работи во Агриа, компанија од Велес за производство на свинско месо.

Кои се клучните процеси во погонот за преработка на месо и како Агриа обезбедува постојан висок квалитет на своите производи?

-Процесот на обработка на месото проследено со низа помошни процеси, односно трансформација на месото во добивање на финален готов производ преку постојано следење на температурни режими се клучни процеси во нашето работење. Традиционалните методи за обработка и преработка, следење и почитување на законските регулативи, воспоставување на стандарди и постапки, континуирана обука на вработени, се само дел од развојот и унапредувањето на квалитетот на нашите производи. Производниот процес е збир од повеќе работни процеси и тоа процес на подготовка, процес на контрола, процес на одржување и процес на управување.

Какви мерки и стандарди се применуваат за да се осигура максимална безбедност и хигиена во процесот на преработка на месо?

-Од суштинско значење е секој производ кој е произведен во нашата компанија да нема никаков ризик во рамките на нормалните услови на употреба. Многу важен елемент е идентификување на критичните контролни точки и нивно следење. Исто така, микробиолошките анализи на вода и храна направени во редовни интервали придонесуваат за безбеден и квалитетен производ.

Добрата производствена и добрата хигиенска практика се клучни мерки за безбеден и врвен производ. Ова вклучува серија на заштитни мерки, како хигиена на персонал, хигиена на површини што доаѓаат во контакт со храна, чистење, миење и дезинфекција, спречување на вкрстена контаминација, контрола на суровина, зачини и пакувања, складирање и транспорт, следливост на производи и ред други мерки. За да ја зголемиме довербата кај купувачите и заинтересираните страни, како компанија ги имаме имплементирано: HACCP, ISO 9001 и ISO 17025.

Кои технолошки иновации и модернизација ги има имплементирано Агриа во својот погон за преработка, и како тие придонесуваат за подобрување на ефикасноста и квалитетот на финалните производи?

– Модернизацијата е важен двигател во развојот на нашата компанија. Ги следиме најновите технологии и инвестираме во машини и опрема. Со континуирано усовршување, посветеност, инженерско знаење и благодарение на современиот систем на машини на сите меѓусебно поврзани операции, како што се мелење, мешање, формирање, обликување, пакување и декларирање, го зголемивме производството и ја олеснивме работата на нашите вработени. Добивме побрзи работни циклуси, повисок квалитет, ефективност, ефикасност и спремни сме да освојуваме поголеми пазари.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате во секојдневното управување со погонот, и кои стратегии ги користите за да обезбедите непрекината и ефикасна работа?

– Предизвиците се составен дел од секојдневието кога се занимавате со производство. Тие всушност се можност за личен раст и развој, постојано учење и усовршување. Подолг временски период сме принудени да функционираме и опстојуваме во кризни услови. Како одговорна компанија, посветени сме на носење вистински и разумни одлуки во право време. Преку предвремени планирања, редовни контроли на суровината и репроматеријалите, флексибилноста, тимската работа и отворената комуникација, ги надминуваме предизвиците и целиме кон подобрување.

Како жена дипломиран инженер технолог и раководител во погонот за преработка на месо, кои се вашите главни одговорности и што ви претставува најголем предизвик, а што најголемо задоволство во вашата работа?

– Веќе 11 години сум дел од тимот на Агриа и обавувам функција која нуди постојано учење, надоградба на знаењето, високо чувство на одговорност и компетентност. Секојдневно сум сведок како една жена може да биде вистински креатор и иноватор во производството. Конечно се разбиени сите бариери и урната е асоцијацијата дека инженерските функции може да ги извршуваат само мажи. Свежината од женска енергија е секогаш добредојдена, па така, моментално на професијата инженер-технолог и се придава уште поголемо значење. Работењето во индустрија бара пожртвуваност и спремност во секој момент да се одговори на настанатите негативности и непријатности кои ги носат самите процеси. Многу голема обврска и вистински предизвик е да се произведе квалитетен производ кој ќе биде прифатен и од страна на потрошувачите. Работните обврски како технолог во Погонот за преработка на месо опфаќаат координирање, организирање и контролирање на целокупното производство, предлагање мерки за подобрување на процесите, составување на рецептури за производите, спроведување на обука на вработените, изработка и одржување на документацијата за целокупните системи и стандарди како и нивна контрола и надгледување. Особено задоволство ми претставува ефикасното завршување на поставените задачи во рекордно време и секако одржување на стандардот на кои се навикнати потрошувачите на нашите производи.

Извор: mkd.mk

Економија

МБИ10 во пад од 0,15%, без активности на обврзничкиот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 9 декември 2025 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,15%, спуштајќи се на 10.239,85 поени, при вкупен промет од 14,14 милиони денари. Тргувањето беше умерено, со најголем обем на активности кај Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои остануваат најликвидни хартии на официјалниот пазар. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,73 поени, без реализирани трансакции со обврзници .

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 6.188.910 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 3.053.560 денари

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 2.760.000 денари

Топ добитници

● Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,21%

Топ губитници

● Гранит АД Скопје (GRN) –0,51%

● Стопанска банка АД Скопје (STB) –1,99%

● Раде Кончар АД Скопје (RDK) –17,46%

Обврзнички пазар

Во текот на денешната сесија не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на 128,73 поени, без промени. Тргувањето на Македонската берза на 9 декември 2025 година се одвиваше со вкупен промет од 14,14 милиони денари и пад на индексот МБИ10 за 0,15%. Најликвидни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, со доминантен удел во дневниот промет. Најголем раст забележа Алкалоид, додека Комерцијална банка и Гранит беа меѓу губитниците на денот. Обврзничкиот пазар остана без активности, со непроменет индекс ОМБ.

Continue Reading

Економија

Зголемување на минималната плата: Министерот Дурмиши најавува раст од 1.500 до 2.000 денари, одлуката ќе биде без притисок

durmishi

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, нагласи дека одлуката за зголемување на минималната плата нема да биде донесена под притисок, туку исклучиво врз основа на законската методологија. Тој најави дека во март 2026 година, минималната плата ќе забележи раст во опсег од 1.500 до 2.000 денари.

Дурмиши потсети дека законската рамка предвидува минималната плата да се утврдува преку формула која ги зема предвид просечната плата и трошоците за живот.

„Кога ќе има усогласување во март следната година, врз основа на параметрите што ги имаме, граѓаните ќе имаат повисока минимална плата. Тоа е формула и методологија со која се пресметува минималната плата, со што се согласуваат Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата“, изјави министерот Дурмиши за ТВ Шења.

Формулата јасно дефинира дека пресметката на минималната плата е базирана на 50% од просечната нето плата од претходната година и 50% од растот на трошоците за живот.

Според достапните податоци за изминатите 11 месеци од тековната година, министерот очекува зголемувањето да изнесува приближно 1.500 до 2.000 денари, прецизирајќи дека конечната сума ќе зависи од исходот на пресметката во март.

Дурмиши исто така посочи дека Владата останува посветена на континуирано зголемување на минималната плата.

Со ова, се потврдува дека процесот на усогласување ќе се одвива според претходно договорената и прифатена методологија од сите социјални партнери.

Continue Reading

Економија

Рударските комплекси Бучим и Боров Дол и официјално сеприсоединија

 Радовиш, 9 декември 2025 – Од ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш информираат дека заврши административната постапка за припојување на рударско-геолошкиот комплекс Боров Дол кон Бучим, со што двата рударски комплекси официјално продолжуваат да функционираат како еден правен субјект.

Со ова се зацврстува единствениот оперативен и управувачки модел, што ќе придонесе за уште поголема ефикасност и транспарентност во работењето на компанијата во целост.

Присоединувањето претставува стратешки чекор што овозможува поефикасно планирање и управување со ресурсите, унапредени процеси и појасна корпоративна структура, подобрена усогласеност со меѓународните стандарди и ESG принципите, зголемена транспарентност и стабилност во работењето, како и следење на единствена долгорочна визија за развој на целиот комплекс.

Од компанијата нагласуваат дека присоединувањето не подразбира никаква промена во управувачката структура. Исто така, условите на воспоставените партнерства, договорните односи и обрвски со добавувачи, институции и другизаинтересирани страни, остануваат непроменети.

Во изминатите денови беше спроведена стандарднатаадминистративна постапка за техничкиот пренос на ситевработени во рамките на единственото правно лице. Од Бучимистакнуваат дека преносот беше изведен континуирано, без каквибило промени во работните места, правата или обврските навработените. Статусот и сите бенефиции на вработените останаанепроменети. Техничкиот пренос не влијаеше врз работнитепроцеси ниту врз редовното извршување на обврските.

“Присоединувањето на Боров Дол кон Бучим ни овозможува да работиме како единствен систем, во рамки на нашата Групација, со зајакнати операции и повисок степен на координација. Ова претставува значаен чекор кон модернизација, континуирано подобрување и понатамошно унапредување на одржливото рударство во регионот,“ изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим.

Со новата интегрирана структура, рудникот Бучим продолжува да гради стабилна, модерна и конкурентна компанија, подготвена за долгорочни предизвици и инвестициски планови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг